Распишан е седмиот конкурс за кратка приказна „Бибер“ посветен на студентската борба

10.12.2025 13:10
Распишан е седмиот конкурс за кратка приказна „Бибер“ посветен на студентската борба

По повод Денот на човековите права, на 10.12.2025 година е распишан седмиот конкурс за кратка приказна „Бибер“. Кратки приказни можат да испраќаат авторки и автори кои пишуваат на албански, македонски, босански, црногорски, хрватски или српски јазик.

Темите на седмиот конкурс се проширени, па авторките и авторите можат да изберат на која од нив ќе одговорат.

Не се откажуваме од традиционалните теми на конкурсот „Бибер“: покрај приказните што го тематизираат помирувањето во контекстот на наследството од војните и насилството во земјите од поранешна Југославија, во предвид доаѓаат и приказни што можат да придонесат за подобро разбирање меѓу луѓето, намалување на омразата и разградување на предрасудите, антивоени приказни, приказни што се занимаваат со соочување со минатото, разградување на сликите за непријателите, сочувство со другите, храбри приказни што се осмелуваат да одат во „непријателски“ чевли, приказни што ги поместуваат границите и ни отвораат патишта за градење поверојатна, побезбедна и послободна иднина за сите.

Седмиот конкурс им го посветуваме на студентките и студентите во Србија кои изминатава година ни одржаа безброј лекции за ненасилна борба, солидарност, заедништво, поддршка, љубов, волја, храброст, емпатија, помирување, почитување и други важни општествени вредности. Длабоко го цениме сето она што студентите го создадоа и го покренаа, па затоа овој конкурс отвора простор и за приказни за нив и за нивната борба за правда, слобода и рамноправност.

Конкурсот е отворен до 24.5.2026 година.

Изборот на пристигнатите приказни ќе го направи жирито во состав: Даниела Репман, Лејла Каламујиќ и Жељко Белиниќ. Најмалку дваесет избрани дела ќе бидат објавени во повеќејазична збирка.

Авторките/ите на трите најдобри приказни ќе бидат наградени со парични награди (бруто износ):

1. награда: 1.100 евра
2. награда: 850 евра
3. награда: 600 евра

Одлуката на жирито ќе биде објавена кон средината на ноември 2026 година.

Повеќе информации за конкурсот и условите можете да најдете на линкот: biber.nenasilje.org

Конкурсот го организира тимот „Бибер“ на Центарот за ненасилна акција Сараево–Белград.