1020 hPa
57 %
22 °C
Скопје - Сре, 17.06.2026 01:59
сега одеднаш
јас сум одговорен
за облакот од
туѓиот молк
во собата.
и морниците што некогаш ти ја ежеа кожата
сега, како сеќавање, ти се гадни
и сакаш да ги снема.
и би ги трампала сега
сите тогашни задоволства.
и студена, воздржана, возрасна си сега.
умот ти е зауздан.
а знаеш, нели?
колку подлабоко го закопуваш семето,
толку пораскошно е дрвото, и
плодовите му се погорчливи.