1019 hPa
75 %
2 °C
Скопје - Чет, 19.02.2026 09:59
Пред некое време наголемо ни беше ветувано дека Скопје ќе биде исчистено за 72 часа. Меѓутоа, ние згрешивме што не побаравме појаснување на еден многу важен поим: исчистено. Сигурен сум дека се работи за различно поимање на овој збор зашто Скопје и по 720 часа воопшто не е исчистено по никаков стандард, тоа е истиот валкан град. Контејнерите се секој ден преполни, (не сум фрлил ѓубре со денови во нормално испразнет контејнер), тротоарите се полни со скапани лисја, има ѓубре по тревниците, чопори кучиња се шетаат низ град. И тоа не е само на ниво на град, тоа се гледа и во општините. Пред изборите, во сите општини се водеше агресивна кампања, па луѓе од народот, па едни од нас, па се снимаа со селфи камери низ маало, па по цркви свеќи палеа, демек сите религиозни и семејни луѓе, ни се качија на глава, а кога победија, толку. Дали бевме излажани уште еднаш? Секако. Сакам да кажам дека се лажам и дека еве од утре ќе се потрудат и работите ќе се сменат, ама искуството не ми дава, особено што тие што се на власт преку нивната кандитатка четири години систематски го упропастуваа Скопје. Скопје не го заслужува ова. Ние не го заслужуваме ова.
Александар Маџаровски, Фејсбук, 14.12.25.