Пандалф Вулкански - Скопски приказни од 2014

25.03.2011 13:20
Пандалф Вулкански - Скопски приказни од 2014

Долго во ноќта

Кога ќе се изгаснеле сите светла на Илинденска Б.Б., длабоко во ноќта, останувал да свети само кабинетотот на премиерот. Тогаш веќе уморниот предводник, по напорниот ден, после многубројните фрлени лопати и пресечени ленти, ги вадел макетите на спомениците и зградите од проектот СК 014 и се’ до утринските часови ги распределувал спомениците и зградите врз скопскиот плоштад, барајќи го оптималниот распоред. „Две во антички стил, две неокласицизам, две барок, две модерни...“, занесено си шепотел авторот, како блажено да се успива, тонејќи во чудесните светови на својата чудесновишна фантазија.

Таа слика толку го разнежнувала целиот премиерски кабинет што, утрото, кога ќе го затекнеле предводникот спокојно заспан крај своите макети (како дете крај оловни војничиња или генерал над своите шарени топографски стрелки), сите оделе на прсти и тивко и меко, со првите утрински кафиња, црцореле за посветеноста и неуморноста на едниот и единствениот водач и автор на СК 014.


Александрија

Во карабината на Музејот на ВМРО, крај запален оган, до долго во ноќта, Паско Кузман му зборувал на Никола Груевски за градителските потфати на Александар Македонски: „Тлоцртот на градот Александрија е направен според обликот на македонската воена наметка. Обиколувајќи ја локацијата Александар ?лично со креда ги одредувал позициите на централниот пазар и пристаништето, како и положбата на повеќето храмови посветени на египетските и грчките, пардон македонските, богови. Еднаш, некаде околу пладне, нашиот предок останал без креда, но не сакал да прекине со планирањето. Луѓето од придружбата му донеле јачменово брашно за да може да го заврши распоредот на градските ѕидини. Но, галебите веднаш му писнале на брашното. Лош предзнак, вознемирено помислил царот на Македонците...“

„И?! Што било понатаму?!“, нестрпливо прашувал големиот планер и архитект на Скопје, но Паско Кузман веќе ги собирал тлоцртите за СК 014, брзајќи од мугри да ја гради црквата на Кале. „Друг пат ќе ти дораскажам“, итал Паско, а премиерот, малку натажен но сепак восхитен, од карабината на Музејот на ВМРО со цврст чекор тргнувал на работа, накај Илинденска ББ.


28 март 2009


На 28 март 2009 премиерот дошол на скопскиот плоштад со арно да им укаже на архибригадирите дека грешат: „Црква на плоштад мора да има, оти ми се појави во сон!“, рекол Груевски. Но, откако во блискиот парк ги видел Мирослав Грчев (во обид да се затскрие зад човек налик на Митко Хаџи-Пуља) и Владимир Милчин (замаскиран во огромното куче Мила), Груевски сфатил колку е саат и дека овојпат не треба со арно. „Пуштај крстоносците...“, решително промрморил премиерот во воки-токито и истиот момент бабачки голема група иконоборци и крстоносци од правец на стоковната куќа се задала кон архибригадирите.
***
Друг пат, но исто на 28
март 2009, дошол Груевски на скопскиот плоштад со арно да им укаже на архибригадирите дека грешат: „На Кензо Танге во сон сум му забивал глогов колец! Кошмарот мора да престане!“, им рекол премиерот на насобраните студенти. Во тој момент од блискиот парк (кајшто Владимир Милчин често го мочал своето огромно куче Мила) дотрчал Зоран Ставрески и со доверлив но сигурен глас му соопштил на својот шеф и кум дека случката на плоштадот е дел од сценариото „Надеж“. Во истиот момент премиерот многу се смрачил, ја повлекол својата добронамерна понуда кон насобраните студенти (мирно да се разотидат по дома) и рекол дека овојпат не треба со арно: „Пуштај крстоносците...“

Верниот кум Зоран Ставрески истиот ден добил унапредување, а архибригадирите мала дисциплинска лекција.

колажи: Свирачиња

 На 28 март (понеделник) во ГЕМ клубот во 20 часот ќе се одржи промоција на книгата „Скопски приказни од 2014“ од Пандалф Вулкански. Повелете!

Скопски приказни од 2014 (2):

http://okno.mk/node/10983

Одлично:) Некој ќе доживува

Одлично:)

Некој ќе доживува безбројни вечерни оргазми додека ја читка оваа луцидно модерна античко македонска трагикомедија.

Инаку,навивам "Распеани Скопјани/ки" уште еднаш да му ја испеат "Мерцедес" песничката на дедо Стефан пред МПЦ,но после тоа да ја испеат и пред седиштето на Исламската Верска Заедница за дедо Рамадан Рамадани и за дедо "како и да се викаше нивниот поглавар". Нели,не би било фер да форсираме монотеизам.

Иако можеби сеуште не е политички коректен период,сепак јавно барам поддршка за ваквиот потенцијален културен настан,на кој однапред го најавувам моето присуство како придружен вокал,но на минимум безбедно растојание.

делуваат малку претенциозно,

делуваат малку претенциозно, барем трите горенаведени раскази... чекам да ги прочитам и останатите за да коментирам (мрчам) поосновано. но ете, првиот впечаток ми е таков - претенциозно.

... „на двегодишнината од

... „на двегодишнината од тепањето на скопските студенти“...

Кое тепање бе несреќи, вие или не сте виделе тепање, или ебењето ви е плескање :)) А го подржувам предлогот на Јана, Нита Муча заедно со ќерка му на Ѓунер, да испеат една песна пред вратите на исламската верска заедница, или пред Јаја Паша, заедно со Рамадан Рамадани, нивниот стар пријател, кој се закани пред некој ден дека ако не се изгради Бурмали Џамија во Скопје, народот ќе ја слушал олујата на неговите муЧахедини. Нека го повикаат и нивниот невладин соизвршител Артан од Холандската амбасада, самоопределено да се борат за своите угнетени права, од оваа „фашистичка“ влада.

Да не заборавиме, да го повикате и Кире Неделковски, самопрогласениот лидер на тутунарите, оној кој ја силуваше 15 годишната ќерка на својот најдобар пријател и кој одлежа затвор за силување во 2010год. Еднаш заедно со Рамковска добија специјал третман од вас Гемовци, и тие како угнетени од оваа „диктатура“, заслужуваат слободно да живеат, како сакаат нормално!

Жарко за модератор, Коља за координатор!

Еј што е убаво вака кога стои

Еј што е убаво вака кога стои позади тебе Сорос, што ќе ти падне на памет шлап преточи си го во книга со тврд повез. Некој бара со месеци спонзори да му објават книга, а глупостите на коља се принтаат за два дена.Алал вера,алал вера.

Изродбенички шупци, зад

Изродбенички шупци, зад книгата не стои Сорос. Ниту е во тврд повез.
Друго да прашам: како не ви текиња да почнете да му ги броите парите на Златниот-Црниот&Фамилијата?! Наместо да се бавите со народните (нашите!) пари - вие, шупци, се бавите со парите на Џорџ Сорос?!
Да потсетиме: Николае Грујабе само за мермерите, спомениците и пропагандата на сопствениот лик и дело во изминативе пет години потроши околу 300 милиони евра. (да не збориме за сите други опљачкани пари, да се задржиме само на овие тричави триста миљончиња). Спомињаш спонзори за книги, изродбенички шупку?! Што ќе ти се! Замисли Малиот-Големиот да ги поделеше парите, да речеме по 100.000 евра (сто иљади евра) на 3000 (три иљади) најталентирани Македонци (да речеме, до 35 години старост) во спорт и култура. Знаеш ли, изродбенички шупку, како тоа ќе и’ се вратеше на земјата, за десет, дваесет години? Немаш појма, оти си шупак, ко и другите твои другари од подрумите на изродбата! А да речеме, големиот пастир да се решеше на друг концепт, па спичканите (скроз у празно, тие пари никоаш нема да видат аир&бела виделина!) 300 милиона евра да ги поделеше на 30.000 најдобри проекти, по 10.000 евра за секој, од култура, спорт до бизнис, да речеме?! Секој десетти од тие проекти да успее, земјава за десет години би била поинаква!
Но не, шупци! Не му ги броите парите на најголемиот шупак и лопов во историјата на современа Македонија, а му ги броите парите на еден од најголемите добротвори на Македонија, Џорџ Сорос! Ебаве кретените! Вашето фирерчо-паљачо спичка 12 миљарди евра за пет години, а Сорос вложи 100 милиона евра во мк за 18 години! Да, да, стварно Сорос е кретен, а пастирчето е супер! Така е кога размислува шупакот на изродбата!

Ох,ти Велик квази-опозициски

Ох,ти Велик квази-опозициски маченику и истакнат бранител на ликот и делото на Великиот ни Сорос,учесник во Антигрујовистичкото Опозициско Платеничко Веќе,и само декларативно потпишан Економист без какво и да е основно предзнаење за економија,кое очигледно недостасува според горе напишаното,кој во својот речник има само три збора,шупак,изрод и грујабе,претпоставувам си еден од оние кои спијат во постелите на Милчин и кој херојски и неуморно издржува до доцна во ноќите,додека Милчин нежно со мустаќот те гали и тивко ти чита за епските подвизи на Сорос и неговите монументални 100 милионА евра и за неделата на диктаторот Грујабе.

Твојата очигледна восхитеност од големата победа после успешниот Прв Соросов Поход во 2001-2002,спласнува после Соросовите,за негова жал,неуспешни походи во 2006,2008 и 2009,за да во 2011-2012,ти помалку разочаран,а сепак полн со надеж,продолжуваш да бараш прикаските кои ти ги чита Милчин доцкан навечер,да продолжат со нова надеж дека Соросовите походи пак ке вродат со плод после огромните суми на пари вложени за таа цел.

За жал,милозвучните зборови и вечерните нежности на Милчина,кај тебе не зачнале интелектуална продуховеност,туку напротив зачнале сурова провинциска нарав,евтин копук'лк,заслепен светоглед,и длабока омраза збогатена со сиромашен речник.

Јана, душо, проблемот не е

Јана, душо, проблемот не е личен, туку политички, и тоа дури политички на ниво со историска важност. Николае Грујабе е елементарна непогода пострашна за Македонија дури и од опустошувачкиот тандем Љубчо&Љубе 88-02! Или треба да додадам, опустошувачкото трио: Љубчо&Љубе&Грујо?!) Штетите што досега се направени од лудачкото владеење на Златниот-Црниот и неговата Фамилија веќе се несогледливи... Дијаболичен тајфун, маг на деструкцијата и пљачката - тоа е режимот на изродбата...
Пак ве прашувам, Јана, како може за судбината на земјава да биде поодговорна една невладина организација од владата на таа земја која троши околу 3 милијарди евра годишно?! Како може Окно со својот буџет од 1000 евра месечно да биде полипот на лагата и мракот, а Латас со своите 4000 евра месечни приходи да биде гласот на Малиот-Големиот, т.е. гласот на народот, правдата и вистината?! Значи, правдата и вистината и народот се во тристоте милиона потрошени за пропаганда на Фамилијата, т.е., пардон, народот?! А стоте милиона на Сорос вложени во Македонија изминативе 18 години се пари на злотворите, предавниците итн?
Тотално сте откачиле, Јана, вие и вашата изродба. Ви велам, вакво лудило, ваква ескалација на ирационалноста и насилството оваа земја, од 45 навака, не забележала.
Но, вие би за сиромашниот речник?! За „копук'лкот“?! Директ од подрумите на изродбата, ни више ни мање, вие, Јана за копуците?! И за провинциската нарав и за заслепениот светоглед и за длабоката омраза?! Од срцето на груевизмот за сето она надвор од таа самоубиствена центрифуга вие, Јана, зборувате како за омраза и заслепеност?! Па, груевизмот од првата секунда е Труман Шоу! И тоа од најмрачен провинциски карактер, за кои сите ориентални копуци и сатрапи овде, низ вековите, можеле само да сонуваат! Еманација на проститилак, на спектаклук, на најпримитивна можна идеологија базирана исклучиво на омраза и фрустрации - токму е груевизмот.
Страшно ќе биде будењето од оваа чудесновишна халуцинација, но ни нема друго чаре.

Гледајте ги маневрите (или

Гледајте ги маневрите (или спиновите) на одвратните груевисти: човек напишал раскази посветени на фараонското лудило СК 014. Некој штакор од изродбата одма убацуе коментар: да му ебеме матер на Џорџ Сорос што финансира вакви книги, дур напатените поети на преродбата трчаат по спонзори! Ах, како болно, курнаски и предавнички! На штакоров му се одговара дека книгата нема никаква врска со Сорос, но одма се јавуе нова штакорица и развезуе приказна за сите тие мизерни предавнички гниди кои му го дудлаат на Владе Милчин, на јастук и уз нежни зборови итн. И притоа штакорицата ти збори дека си копук и дека имаш сиромашен речник (плус и дека си пушач на В. Милчин; и тоа пази, од перспектива на бранител на малиот фараон со неговите пар иљади курови набутани у устичките на фановите, од кои - множеството озирис расплодени, т.е. мултиплицирани курови - нит пастирот може да мрда, нит фановиве на дневна основа да вршат преродбенички акции).
Земјо Македоњо отвори се и проголтај ме! Ова више стварно е неверојатно! За Златниот-Црниот спремни се и гомна да јадат и кур од уста да не вадат - истовремено! И тоа до бескрај! Какви јебани фанатаци! Грујо, спремај камиказите! Уз ваков верен изродбенички народ, Грујо, брате, вечно ќе владееш! У Вардар со предавниците, ЕУ&НАТО зликовците и другите изродбеници од изродбата! Грујо, царе, купи ми сандале!

:) Драг пријателе,твојот

:)
Драг пријателе,твојот говор е полн со омраза и навреди.

Туку тоа е нивото,за жал,на опозициските изродбеници кои се однесуваат како неототалитарни квазидемократи.

Навикнати само на тоа што тие сакаат да го слушнат и кажат. Со полни усти демократија,а секогаш спремни на етикета кон неистомисленикот.
Етикета збогатена со еден возвишен интелектуален вокабулар изваден од дното на смрдливите квазиурбани души.

За жал од твојата заслепеност во одбрана на твоите мастери преку нов спин,не можеше да приметиш дека впрочем и ми се допаѓаат фрагментите извадени од книгата.

Но,твоја забава,твој живот,твоја мизерија.
Ти посакувам искра светлина,во мракот во кој живееш.

Да пријателе,Економист,јас ке

Да пријателе,Економист,јас ке Ви кажам за копукл'кот кој е присутен во Вашите зборови.

Освен навреди,омаловажувања,дискредитации,
етикетирања,хистерии,јас ништо друго не можам да прочитам од вас "борците" за слобода и демократија.Тоа ли е алтернативата која не чека после грујабе?
Закани фрчат кон неистомислениците од сите страни.
Па зарем еден копукл'к сакаме да замениме со друг?
И цево ова не е нуспојава од 2006. Тој говор на примитивизам,фрустрации и омраза во МК е присутен од '91 па навака.

Вака не ми личи дека имате различна матрица од онаа на Грујабе или уште пострашно од онаа на Црвенковшченко.
За жал меморијата некако ни е слаба и како го забораваме магичниот триаголник Бранко,Љубчо,Љубе 93-06 и примитивизмот од тој период.

Инаку претходниот мој коментар беше во духот на сарказмот и надреалноста,кој ме облеа од прочитаните интересни фрагменти на Скопските приказни и не знам зошто толку возбуда и вознемиреност околу напишаното.

Од друга страна не ми инпутирајте зборови кои не се напишани. Во ниеден момент не спомнав дека 100мил на Сорос,кој за волја на вистината е доста сомнителна индивидуа,се за злотворите и предавниците,туку дека најголем дел од нив,повторувам НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД НИВ, се користени за индиректни предизборни кампањи против одредени политички партии. И тука нема потреба да има некаква вознемиреност од ваша страна,туку напротив треба сите да го знаеме тој факт. И дека тоа што го читаме од вас жестоките "критичари" како некој глас за демократија или глас за слобода е впрочем гласот на Сорос. Тоа е Гебелсова пропаганда,која сега освен вас ја прави и вашиот противник,а тоа ви смета и затоа вашите крици се толку жестоки во навредите кон своите противници.

А 1000рката на Коља и ОКНО или 4000рката на Латас или 2000 и 3000рките на Чомо,Секуловска или Борјан Јовановски и Геро итн. воопшто не ме засегаат. Луѓето си работат во приватни компании или организации или што и да се и нивната плата е креирана според квалитетот со кој работат. Барем така е во капитализмот.
А ние можеме да ја коментираме нивната работа според агендата за која работат.

Сепак лонг лив ОКНО и покрај опседнатоста на Н.Г со Н.Г.
Мислам дека таа опседнатост е поголема дури и од онаа на Н.Г. со Б.Ц. и вајс верса.

Јана, изгубена душо,

Јана, изгубена душо, сочувство до тебе; твојата изгубеност е толкава што предизвикуваш сожалување. Би пеела, ама од дистанца. Блиски ти се соросоидите, ама од некои нејасни причини - ги мразиш. Јана - гревче.
Но, за да не се бавам со твојата потполна лична (емотивна, психолошка) изгубеност, која зрачи од секоја твоја реченица, ќе обрнам внимание само на материјалната (фактичка) изгубеност: да го прогласиш Сорос за Гебелс е свињарија од најнизок тип (порамнување меѓу Евреите и Хитлер; во многу цивилизирани земји таквата свињарија се гони и судски)). Да прогласиш дека најголемиот дел од парите што ФИООМ ги потрошила во Македонија (над сто милиони евра за 18 години) отишле за предизборни кампањи на „одредени политички партии“ - е нискост недостојна и за најфанитизираните конспиролози во земјава; најмизерен груевистички пропагандизам исто така е благ збор за твоите примитивни (а всушност само - изгубени, јадни) пропагандистички инвективи.
Најбедното од се’ е твојата рамнодушност кон сегашниов груевистички ужас.„Ма, сите они се исти.“ Сето тоа, Јана, несреќнице, изгубена душо, зборува за твојата тотална лична, политичка, секаква дезоринтираност. Фактот што си ти само прототип на многу други такви граѓан(к)и воопшто не ја намалува твојата беда. Земјава е мртва, на секој чекор, токму поради таквите анестезирани зомбија ко тебе, Јана, изгубена душо.

Ох,мизерник :) Па ти ништо не

Ох,мизерник :)
Па ти ништо не сфаќаш од тоа што читаш тука.
Или па не сакаш да читаш или не знаеш да читаш или пак имаш Дефицит Атеншн Дисордер што е најверојатно.
Не знам каде прочита и како си протолкува
"дека го прогласив Сорос за Гебелс" или дека ги мразам соросоидите,а уште помалку па дека ми се блиски.
Ај да ти биде појасно,значи идејата ми беше дека нека пробаат Распеани Скопјанки да пеат малку пред седиштето на ИВЗ,како што пееа пред МПЦ. Но сите знаеме што ќе им се случи ако го направат тоа, и затоа саркастично заклучив дека од далеку "би пеела". Нејсе. И ова нема да го сфатиш.

Туку не знам од каде тој огромен порив за таквиот огромен одбранбен механизам кој го имате за тоа што Сорос го прави во МК освен ако не е дебело лукративен.

И не знам зошто таков агресивен однос кон оние кои не го мразат грујабе,што не значи дека по дифолт го сакаат. Можеби држите до максимата на поранешниот диктатор Црвенковшченко кој во еден говор неодамна рече "Или сте со нас или против нас" што е типично диктаторски !!!

Е па не сум со вас затоа што сте истата пропагандна свињарија само што сте од другата страна на паричката. И можам да кажам дека вие сте изгубени затоа што не ви функционира *Гебелсовата машина како што ви фунцкионираше порано. И кажи ми што друго е пропагандата на Соросовите друштва во МК ако не е Гебелсова? Говорот ви е полн со омраза,навредувате,повикувате на линч,етикетирате,полни сте со предрасуди. И вие ќе зборувате за изгубеност? Ха.
Нурнати со главите во своите повраќаници вие ке ми нудите алтернатива. Ти ли си алтернативата и таквите како тебе? Ајде те молам.

Ако ние како дел од цивилното општество не го подигнеме нивото на култура и свеста во самото општество,тогаш не ни е крив системот или владата или кој и да е друг освен ние самите. А ти со твојот простотилук,ни малку не придонесуваш кон подигнување на таа свест. Ако не се навикнеш дека не мора сите да го делат твојот став и дека мораат сите исто да мислат како што ќе каже Милчин или Црвенковшченко,тогаш ти препорачувам да се преселиш во Либија или Белорусија и таму да ја шириш пропагандата на Сорос.

*За да не ме разбереш погрешно ...
Работа која е правило број 1 во капиталистичкиот свет е маркетингот,а Гебелсова машина(пропаганда) е негова метафора. За волја на вистината знаеме дека Гебелс бил инспириран од Бернајс,но поинтересно е кога го користиме името Гебелсово кога сакаме да поддржиме некоја наша теза.

Хехехе, студентите биле

Хехехе, студентите биле тепани...
Комуњарите ( и нивните деца ) кои праќаа илјадници македонци да гнијат по Голи Оток и Идризово ќе ни држат лекција по демократија...

се надевам груевски ќе помине

се надевам груевски ќе помине да ви фрли некоја лопата

Скопските студенти - 10

Скопските студенти - 10 студенти,најчевска, тој што проси кај НБРМ, неколку одамна завршени студенти. Да се потсетиме против градењето на црквата излегоа со пароли НЕ ГО СИЛУВАЈТЕ СКОПЈЕ што само по себе е навреда и поигрување со верските чувства. Друга работа е што организацииве се именувани доста милитантно у стил архиБРИГАДА, разбуди се и плус повикуваа на револуција! Па пичици едни, како дигате револуција кога не сте спремни две клоци у дупе да примите?

А што се ако не силување на

А што се ако не силување на градот преку ноќ измислените, без никаква расправа/дебата/најава/вотевер, маркици за изградба на СК014? Што е декорот со поминат рок, набутан на 5-10 метри простор покрај КБ и МОБ? Што е црквата плесната на среде најпрометниот пешачки коридор во градов и тоа помеѓу кафани и стоковна куќа (а тука се и шмизлите). Што се врби-сплавови-фонтани-плажи-скулптури-панорамско тркало и 3 моста - се на потег од 500 метра ако не силување на градот?

Навредени биле чуствата на верниците.. абе ајде. Зарем може помала да биде навредата кога пред „божјиот дом“ ќе те пречека џиновска статуа на пагански император? Не те навредува триумфалната капија додека кубуриме и живееме ден-за-ден? Не те навредуваат реконструкциите кои „благе-везе“ немаат со оригиналните објекти?

А не те навредува како граѓанин тоа што уредно закажан протест беше разбиен од „спонтан“ контра-протест? Не е битно дали биле 2 или 3 клоци, или 20 или 200 студенти или дали биле студенти воопшто, или дали биле независни или биле „комуњари“ и „соросоиди“. Битна е повредата на правото на слобода на говор. Зошто оние кои уредно го пријавиле протестот не беа заштитени од полицијата? Зошто на нив падна вината за инцидентот а не на „крстоносците“ и/или на медиумските полтрончиња кои во-очи протестот повикаа на „контра“?

Само за пример, среде Вашингтон нео-нацисти (еееееј, замисли!) закажуваат парада/протест. „Спонтано“ (организирани преку ФБ и слично) се собираат стотици контра-протестанти. Погоди на чија страна беше полицијата и кој „го попи“ на крај?

Вулкански е закон! Честитки

Вулкански е закон! Честитки за книгата! Од површново читање, се чини дека книгата ќе биде бомба! Дизајнот вообичаено е на високо ниво:-)
Исто така, многу ми е мило што и оваа година ќе се одбележува тепањето на плоштад од пред две години, еден од најсрамните политички настани во современата историја на Македонија. Тоа не смее да се заборави...
Честитки и за Вулкански и за Окно и за Темплум и за Архибригада и за Распеани Скопјани!

само да потсетам дека

само да потсетам дека "главниот скопски плоштад" има име

Да ви го е*ам Скопјето

Да ви го е*ам Скопјето гнасно, изгнасено, најганесн град на свет, ѓубре и прашина колку сакаш, ископани улици, гужви сообраќајни.

Те поддржувам. Градов Скопје

Те поддржувам. Градов Скопје е Содома и Гомора. Имав еден другар што збореше на времето: овој град може да го спаси само Олимпијада или нов земјотрес. Мож СК 014 е некој компромис измеѓу?!
Инаку, предлагам на НАТО да му го шитнеме брилијантниот урбанист и архитект Николае Грујабе и да го праќаат да ги разубавува престолнините на одметнатите држави. Јал те погодил томахавк јал градежните проблесоци на нашиот урбанистичко-политички гениј - исти курац (а томахавкот е поскап). Златниот-Црниот - специјално НАТО оружје за урбана девастација! Ете, иаме и слоган:)

Причициве ко и проектот 2014

Причициве ко и проектот 2014 - за жалење. Бар се поефтини...

многу ми е драго за ова ново

многу ми е драго за ова ново издание и едвај чекам да ги читам расказите. кога не моземе физички да се бориме против булдожерите, дгиалките и лопатите на грујо, можеме бар да си правиме ментален бајрам со неговите мегаломанско безумни идеи... па дури и со парите на чичко џорџ! честитки, гелевски.

Taka e. Ne se trpat vekje

Taka e. Ne se trpat vekje Ciganite-Skopjani i nivniot slavofashisticki premier Grujabe.

Попрво би рекол дека Николае

Попрво би рекол дека Николае Грујабе е грчки тројански коњ уфрлен во Македонија да ги разбие Македонците на ситни делови... Што е друго антиквизацијата ако не погрчување на Македонија?! Дека Ацо Македонски е нашиот цар им го зборувале уште грчките клерикалци и учители, кога ги асимилирале (славо)Македонците во Егејска Македонија во втората половина на 19 век.

Во меѓувреме, Николае сфати дека и од антиквизацијата помила му е пљачката, така што сега и агентите и поддржувачите и народот останаа со прстите во раце; сите можат да цицаат весла дур новиот македонски император го надградува (во чмарот) идентитетот на нацијата ем банкарските сметки на Фамилијата!

Ти си мрднат.

Ти си мрднат.

А ти си само глуп,

А ти си само глуп, необразован и изманипулиран. Уште една груевистичка овца за клање&клањање.

подобро глуп, необразован и

подобро глуп, необразован и изманипулиран(а не сум ни едно од трите) отколку мрднат.

Историски факти се

Историски факти се (документирани во низа книги, а на Окно за тоа пишувале Анастас Вангели, Сашо Ламбевски и Никола Гелевски) дека грчката (фанариотска) асимилација на македонското словенско население одела, меѓу другото, и со ширење на култот на Александар Македонски. Тоа е една од причините зашто македонските Егејци посилно „се примаат“ на митовите за Александар.
Исто така, непорекливи факти се дека антиквизацијата што ја спроведува груевизмот и’ направи големи штети на македонската кауза, и на внатрешен план (ги раскара луѓето и создаде идентитетски хаос во главите), и на регионален план (со Грција работата е на нож, а сите соседи дополнително не’ сметаа за недоветни, незрела нација), и на поширок меѓународен план (никој веќе не ја есапи нашата до вчера супериорна позиција во однос на Грција; позициите во НАТО и ЕУ исто така драматично ни се ослабнати).
Тие неоспорни факти, според тебе, јаден заслепен изродбенику, глуп, необразован и фанатизиран подрумски штакору, се продукт на мрднат ум?! А твоето летање по Александар, Букефал, двокатните автобуси, балонот над владата, Дамбо слонот, спомениците на Златниот-Црниот итн. - е разум и народна волја?! Д-р Фројд, и порано сум ти рекол, ти си таква ноторна будала, таков пропаганден имбецил (и името, сум ти рекол, зборува за твојата ништожност и отсуство на каква било разумна, промислена идентификација), што самиот за себе си подвижен рекламен плакат („човек-сендвич“) за тоа до кое дереџе на глупоста е доведен современиот Македонец под лудачкиот пљачкашко-пропаганден проект на груевизмот. Да, да, халуцинациите на грувизмот (аха, петстоте иљади гласови, баш така) се вистината за Македонија, а овие стотина гласови што се спротиставуваат (според вашата пропаганда) се само пролупани фанатици полни со омраза кон добрината и умот на пастирот и неговото стадо... Веќе сега ретко кој верува во вашите пропагандни бладања, а за некоја година нема да можеме да веруваме до кој степен груевизмот ја расканта јаднава земја и умот и душите на Македонците...

Уште еден Коља под друг

Уште еден Коља под друг псевдоним!

„...нашата до вчера

„...нашата до вчера супериорна позиција во однос на Грција...“.

Wow! WTF? Не знаев дека „до вчера“ ние сме биле членки на НАТО и ЕУ, а Грција била надвор?!? И дека тие „неоспорни факти“ се промениле откако Бандата на Грујабе уз помоч трикова и магије ги презема фотељите (инаку, од Бога дадени) на Дружината на Пречесни Испосници на Светиот Чудотворец Црвенкошенко Безгрешниј (добра ти е кованицава, Јана, морам да признаам... би можело да се употреби и Червенко, а богами и Червенков, ама не верувам дека интелектуалните величини од кругот на Коља воопшто знаат кои биле овие ликови:).

И на вас не ви е лесно... :)

Кутри дпмнеовци, уште не им е

Кутри дпмнеовци, уште не им е јасно дека грујо се што прави прави во полза на клетите грци. Треба да си неверојатно глуп за да не го забележиш тоа.

Смешно е што за време на предавниците клетите грци ќутеа како пички, а откако дојдоа патриотите veto, veto everywhere!

Али ќе повторам - треба да си неверојатно глуп за да не го забележиш тоа.

Исто така треба да си

Исто така треба да си неверојатно глуп ако мислиш дека тоа е единствената вистина.

Што ако,нормално хипотетички,речеме дека на "предавниците" им одело подобро со Грците поради нивната спремност да прифатат се што е во интереес на Грција? Во замена да не бидеме блокирани.
Иако за волја на вистината тогаш немаше за што да не блокираат.
Ниту бевме спремни за во НАТО,ниту кандидатскиот статус од 2005та беше од некое значење.
Башка Црвенковшченко беше претседател на МК кога не блокираа за НАТО,така да тезите за блокирањава некако не држат.

Инаку мислев дека се што грујо прави е во полза на Фамилијата.
Дај решете се,го збунувате граѓанството.

Пред многу време, замолив

Пред многу време, замолив една “врвна фаца“ за мислење, околу моите обиди да напишам нешто.
Многу искрено ми одговори дека има раскази ( и книги) кои се читаат и оние другите.
Мажите прават муабет на маса, а стрините на чешма.
Околу оваа збирка трачеви се дигна очекуваната прашина, само затоа што протагонистите се ословени по име и презиме. Секое право. Дали зад проектот стои овој, или оној е неважно.
Но, оние кои ги читаат написите во окно, особено рубриката “зошто го сакам Скопје“ ке увидат дека оние, за кои “Скопје остана грд, суров, паланечки, провинцијален, брутален, брблив и смрдлив град“ и за кои “Скопје на интернет, денес, личи на Скопје од своите улици“ се најгласните во осудата на било каква промена, која и не мора да биде по нивниот вкус, но барем малку ке го очисти градот и намали смрдеата.

џукелииииии, вие сте бре

џукелииииии, вие сте бре материјал за повеќетомни изданија!

гелевски, навистина не сум прочитала нешто вака интересно, со ваков пристап досега. баш ми е драго што во различни форми излегува гадоста и апсурдноста на ова што му се случи градот скопје.

но судејќи според коментарите, овие агресивни џукели заслужуваат и пострашно, можеби боксови во антички стил, заклучени со византиски катанец.

Соње, чија си ти мор дете?

Соње, чија си ти мор дете?

А ти, дегенерику, чив си?! Да

А ти, дегенерику, чив си?! Да не си ковца, избегана од некоја британска лабораторија и со киселите дождови падната и оплодена врз почвата на мила Македоња? Или си виши изродбенички степен, човца?! (унапреден од статусот подрумски штакор) Кај ли само ве наоѓаат, вакви егземлари на најниската беда... Дури ни име не моеш да си смислиш, имбецилу! Дткаш, кутро несреќниче, дури и кога за личното ти име те прашуваат! Би ебел, ах, како ти се ебе, гревче што никој не го сака, и знаеш дека на некој мистериозен начин тоа е поврзано со зборење (пичам пичка, ах, ах, ах!) и, кутар, се обидуваш да промумлаш нешто, да оставиш трага, курот цвили курот бара, ама џабе, излегува само неартикулирано пелтечење, исцедоци на мизеријата од мракот... Изродбата ве створи, ко растрчани бубашваби, изродбата изглеа и ќе ве затвори назад во подрумите и канализациските цевки, кајшто припаѓате...

Само прашав чива е и види што

Само прашав чива е и види што одговор добив. Ја прашувам Соња а се јавува некој вдишувач на ДДТ со нарушени церебрални функции и врши проекција на сопствените ментални и психо-физички деформации. Викнете жуто комбе, за почеток.

Хахахахаха .....ВТФ Аман бе

Хахахахаха .....ВТФ
Аман бе Коља,запрашувачу на гниди:D

Си го утнал кутивчето со бел прашак :)

Наместо боливиска чиста,ти си натегнал изгледа од тој запрашувачот :)

Хахахаа топ !!!

П.С.

Иначе пријателе П'ичам ти п'ичу, Соња Е впрочем Коља. Така да,тоа што си ја прашал Соња чива е,не важи. Ти всушност си го прашал Коља и веројатно поради неговиот алтер лик тој ден и неговиот патолошки презир кон неговите родители си предизвикал таков агресивен ефект кај него.Кажаното е во афект и не му замерувај.

И не викај жуто комбе,затоа што ако го соберат,ќе нема кој да пишува коментари и контракоментари на ОКНО.