1025 hPa
86 %
0 °C
Скопје - Чет, 15.01.2026 21:46

„Ајде едноставно да го кажеме гласно она што повеќето го премолчуваат: Америка не беше киднапирана од ‘патриоти’. Таа беше киднапирана од пропалици — и од многу паметни, многу цинични луѓе кои сфатија колку е лесно тие пропалици да бидат манипулирани.
Со децении, САД создаваа огромна популација на луѓе кои никогаш не читаа, никогаш не учеа, никогаш не стекнаа никакви вештини, никогаш не пораснаа емоционално, никогаш не презедоа одговорност за ниту една работа во нивните животи — а кога номинално достигнуваа зрелост, стануваа бесни што испаѓаше дека светот не е изграден околу нивните лоши одлуки. Тие во животот пропаднале во секоја смисла, се движеле по најлесниот можен пат, а потоа очекуваа целата земја да се "извитка наопаку" за тие никогаш да не се чувствуваат непријатно или неадекватно.
На сцена стапија политичките стратези кои рекоа: ‘Леле…па оваа земја има огромна популација на лути, несигурни луѓе, со ниски постигнувања, кои ќе поверуваат апсолутно на сè што ги ослободува од одговорност. Ако само им кажеме дека тие се во право, а сите други грешат, ќе нè обожаваат.’
И токму тоа се случи.
Ова движење не настана затоа што овие луѓе беа силни. Тоа настана затоа што некој конечно сфати како од нивната слабост да направи "оружје".
Кажете им на неуспешните дека тие се всушност вистинските Американци.
Кажете им на губитниците дека паметните луѓе тајно им завидуваат.
Кажете им на оние кои никогаш не успеале дека нивниот неуспех е вина на некој друг.
Кажете им на луѓето кои никогаш не пораснале дека зрелоста е ‘woke’ (разбудена).
И одеднаш изградивте армија — не од мислители, не од лидери, не од луѓе кои придонесуваат во општеството — туку од емоционално кревки возрасни луѓе зависни од тоа да бидат излажани, бидејќи вистината премногу ги боли.
.jpg)
Во меѓувреме, луѓето на врвот на ова движење?
Тие не ги почитуваат нивните следбеници.
Тие не им се восхитуваат.
Тие дури и не ги сакаат.
Тие ги користат.
Затоа што знаат дека овие луѓе не сакаат решенија — тие сакаат утеха.
Тие не сакаат напредок — тие сакаат потврда дека "сѐ ќе биде ОК".
Тие не сакаат одговорност — тие сакаат приказни што ги прават да се чувствуваат подобро во врска со фактот што тие всушност напразно го потрошиле животот.
Така, измамниците се појавуваат и велат: ‘Еј пријателе, ништо од ова не е твоја вина. Ти си совршен. Виновни се имигрантите, книгите, наставниците, научниците, градовите, геј луѓето, транс луѓето — кој било освен ти.’
И неуспешните ја "лапаат" прикаскава "како поп сарма".
Затоа што така се чувствуваат подобро.
Затоа што е полесно.
Затоа што конечно нашле политичко движење каде што да не правиш ништо, да не учиш ништо и да мразиш секого не само што е прифатено — туку е славено.
Ова движење не е поттикнато од величина. Тоа е поттикнато од кревкост, од огорченост, од тоа што на последниот во класот конечно му се кажува приказна за добра ноќ каде што тој е херојот, наместо оној што заостанал.
А луѓето на чело? Тие се смеат зад затворени врати. Тие знаат точно со кого си имаат работа.
Тие знаат дека ако на неуспешните им дадете непријател што ќе го мразат и фантазија во која ќе веруваат, тие ќе ви ги предадат клучевите од земјата — и ќе ви се заблагодарат за таа привилегија.
Америка нема ‘проблем со патриоти’.
Америка има проблем со пропалици — и владејачка класа која научи како да ги претвори тие пропалици во политички банкомат.
Би било трагично, ако не беше толку предвидливо.”
.jpg)
Карикатури: Stellina Chen