Приклучи го компјутерот - секаде

25.03.11 14:12

„Мртви капки“ (Dead Drops) е анонимна и offline мрежа за меѓусебно споделување на податоци во јавниот простор. USB приклучоци се вградени во ѕидови, згради и рабници достапни за секого во јавниот простор.

Секој е поканет да остави или да земе податоци од „мртвите капки“. Приклучете го вашиот лаптоп до ѕид, куќа или бандера за да ги споделите вашите омилени слики и податоци. Секоја „Мртва капка“ е инсталирана празна, освен readme.txt документ кој го објаснува проектот.

За да ви биде појасно за што станува збор, погледнете го видеото.


ОкоБоли главаВицФото