1018 hPa
60 %
18 °C
Скопје - Нед, 06.09.2026 00:59
Го прашувам драгиот Бог, така.
Дали е Исус Христос стварно негов син.
А тој вели.
Па не ми е ќерка.
Го прашувам дали ја читал.
Мајсторот и Маргарита од Булгаков.
О да, сум ја читал, прекрасна книга.
Го прашувам дали постои живот по смртта.
Вели, ќе дознаеш навреме.
Го прашувам како го извел технички тоа со Марија.
Бог се насмевнува, вели, со љубов.
Сфатив дека е бесмислено.
Да се поставуваат прашања.
На човек што ги знае сите одговори.
Молчевме така до зори.
По малку и се смешкавме.
По малку и громогласно се смеевме.
Пред зори јас заспав.
А тој тивко си заминал.
Превод: Еѓуп Скокотле