1015 hPa
38 %
21 °C
Скопје - Нед, 12.04.2026 15:59
Вчера на јутјуб каналот ‘Во центар’ имаше интервју со двајца мажи што загубиле дете во пожарот во Кочани, од кои едниот го загубил единственото дете што го имал, неговиот син. Што ми требаше да гледам. Скроз ме потресоа и ме разгневија интервјуата.
Меѓу другото, беше кажано и од двајцата дека кога имале средби со премиерот, почнал да им вика, ете, јас сум крив, јас сум ви крив, во некој пасив агресив стил и, како врв на сè, кога зборувале за првото барање за еднократна финансиска помош им рекол „одредете си цена за вашите деца, колку сакате да потпишам?” Тие изреагирале бурно па им било викано „знаете ли со кого зборите“ и слично. Ниту сочувство им изразил, ништо.
Пред некој ден кога имало комисија на која биле присутни родители и роднини на погинатите премиерот се смешкал и си седел на телефон. Никаква политичка или морална одговорност. Во други земји цели влади паѓаат за многу помали работи. Тука имаме власт врзана во криминални дејствија што себеси се штити а ги понижува и заплашува тие што го загубиле најмилото.
Не го споделувам ова ниту некој да лајкува или споделува. Живееме со толку потиснато разочарување што понекогаш единствениот издувен вентил ни е вака да го искажеме тоа што ни тежи.
Александар Маџаровски, Фејсбук, 23.12.25.