1025 hPa
93 %
-1 °C
Скопје - Чет, 15.01.2026 21:59

Трамп / Зеленски ‒ Средба меѓу човек без одело и одело без човек.
***
Да се разбереме, Илон Маск не е нацист.
Нацистите правеа стварно добри коли.
***
Територијата нема цена! Посилниот ја зема за џабе!
***
Не ми е јасно како криминалот е подобро организиран од државата, а го водат истите луѓе.
***
Кај нас крадецот може да го фати само ишијас.
***
Не можеш нам да ни се закануваш, будалче, ние сами за себе сме оделе по стап!
***
Ја прочитав книгата за Стокхолмскиот синдром. На почетокот ми изгледаше одвратно, ама на крај ми се допадна.
***
Дали сте сити?
Ние сме, си ти?
.jpg)
***
Животот ми е сведен на спиење и работа, а јас сум постојано ненаспан и без пари.
***
‒ Што мислиш, што се случува кога ќе умреме? ‒ прашал Твртко.
‒ Јас и сега не знам што се дешава ‒ одговорил Вртко.
***
Угледај се на Моцарт: прави чоколадни кугли, отвора кладилници... Мора да се прават пари! Не се живее од стара слава.
***
„Брат ми не ја почитува мојата приватност.“
‒ Не ми се верува дека го прочитав ова во дневникот на сестра ми!
***
Го оставив лаптопот на патос.
Баба ми мислела дека тоа е вага.
Сè на сè, баба ми е тешка 700 евра.
***
‒ Леле тетке имам двајца удварачи. Што мислиш, кој ќе има среќа?
‒ Среќа ќе има Блажо, невесто, зашо Перо ќе те земе.
***
Умрел алкохоличар и другар на гробот му истурил два вискија и рекол: По чивас во мир.
.jpg)
***
‒ Која е најголемата жртва што сте ја виделе, родител да прави нешто за свое дете?
‒ Татко ми ѝ даде на мајка ми ракија, да ми става облози кога имав температура. Одвојува од својата уста за да му помогне на детето.
***
‒ Како оди терапијата кај логопедот?
‒ Оди некако, би можело да се каже.
***
Во продавница за кампување.
‒Здраво, ми треба компас.
‒Компасите се во југоисточниот дел на продавницата.
‒ Јади гомна.
***
Ми рекоа да јадам гомна. Мислам дека е тоа малку невкусно.
***
Шалтерите постојат реда ради.
***
Запалив стапчиња да ја исчистам куќата од негативна енергија и од ѓаволот, а мажот ми почна да кашла и да се гуши.
Знаев дека сам ќе се разоткрие.
***
‒ Како е вашето име?
‒ Добро е.
.jpg)
***
Жена седи во авион до свештеник.
– „Оче“, вели таа, „можам да ве замолам за услуга?“
– „Радо, ако можам да помогнам, ќерко моја.“
– „Знаете, купив многу скап и посебен апарат за депилација, но уште е нов и се плашам дека ќе морам да платам многу на царина. Може ли да го скриете под вашата облека?“
– „Би можел, ќерко, но проблемот е што не можам да лажам. Ајде дај ми го апаратот, нешто ќе смислам.“
Жената си помислила: „Некое чаре ќе се најде“ и му го дала апаратот.
На аеродром, цариникот го прашал свештеникот дали има нешто за пријавување.
– „Од глава до појас немам ништо за царинење, синко мој!“ – самоуверено одговорил свештеникот.
Малку збунет, цариникот прашал:
– „А од појасот надолу?“
– „Таму долу“, рекол попот, „имам еден апарат за жени, кој никогаш досега не бил користен.“
Цариникот се насмеал гласно и викнал:
– „Следниот, повелете…“
***
Во пеколот имало големо мочуриште за лажговци. Колку некој повеќе лажел во животот, толку повеќе пропаѓал во калта.
Еднаш Гордана Сиљановска‒Давкова и Ѓорге Иванов, кои во калта биле до грлата, завидно го гледале Христијан Мицкоски кој во калта стоел само до стомакот.
„Едно време ти беше најголемиот лажго во Македонија! Како е можно да не си пропаднал подлабоко?!“, го прашале некогашните македонски претседатели некогашниот премиер.
„Јас стојам врз рамењата на Никола Груевски!“, гордо им одговорил Мицкоски.
.jpg)
Карикатури: Дејв Коверли