Фаличен

05.01.2026 10:09

Имам ситна душа,
ситна како џамлија.
Ама не ми беше секогаш толку малецка.
Еднаш се бањав со ладна вода
и тогаш се смали.
Одма пробав да ја оправам со топла вода - џабе
па ја дував со фен - и тоа џабе,
што сè не пробував:
-ја влечев со раце да ја раширам
-мајстор со 2 клешти ја тегнеше
-ја ставив на тостер и ја плескав
-ја пеглав
-ја ставив на центрифуга
-бев и на бајачка
-и во Министерство за Ситни Души
-МАНУ, Малага и Ескимо.
Сè тоа беа неуспешни обиди
па ми текна да идам на бензиска и
да ја уклучам на компресор.
Го бутам цревото во грло најмногу
што можам и пуштам на најјако
Еј добро е, осеќам како се зголемува
се враќа полека во нормала
Еве ја готово, пак си ја имам својата душа
Него да искористам прилика да
ја направам уште поголема и поширока?
Па да, зошто да не, повише ќе ме сакаат
ако имам поголема душа.
Ама нешто се заебав, не помислив дека
од толкав притисок ќе ми пукне срцето
и баш тоа се случи.
Пукна на милион парчиња,
милион уништени и неспоиви делови
И што да правам сега со душа ама без срце?
Што ќе ми ја душава ако немам срце
што се радува, срце што сака?
Се качив на врв на Водно
ја извадив душата и ја пуштив во воздух
Одма ја дувна ветрот накај Шула Мина
Не се ни поздравивме како треба
ама јбг, сам си го барав
Сега ми кажаа дека не може да се смали
душата од ладно, нешто друго било
Ама касно, ќе си останам фаличен,
човек со емотивна мана.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото