Главолом шампионите за 2025!

05.01.2026 18:18
Главолом шампионите за 2025!

Од рубриката „Боли глава“ издвоивме 18 највпечатливи изјави од 2025 година.

Првин следуваат главолом шампионите, а по нив се аспирините.

 

Одредете си цена за вашите деца

Ова барање е исто како предлогот на СДСМ, само што вие немате ставено цена. Одредете си цена за вашите деца.

Христијан Мицкоски, на состанок со родителите на загинатите млади луѓе во Кочани, одржан на 7 јули годинава; Фејсбук страница на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“; СДК, 18.07.25.

 

На талибански начин се брише македонскиот идентитет

На талибански начин се брише македонскиот идентитет и македонскиот јазик од извештајот за земјава во Европскиот парламент. Тоа дочекавме како народ во 21. век.

Христијан Мицкоски, на прес конференција; 03.07.25.

 

5% Албанци и 95% Македонци

Во институциите се отвораат стотици работни места, а пропорцијата на застапеност е некаде околу 5% Албанци и 95% Македонци.

Арбен Таравари, Канал 10 (Косово), 11.06.25.

 

Македонија подобра од десет членки на ЕУ

Минималната плата во Македонија има поголема куповна моќ од десет членки во ЕУ.

Трајко Славески, Бизнис21 на ТВ21, 11.06.25.

 

Врз основа на што вие ги ставате в уста мајките што имаат деца

Пратеничке Славјанка Петровска, не можам да ве кажам почитувана. За да кажам почитувана, треба да ја заслужите мојата почит. Врз основа на што вие ги ставате в уста мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши? Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно 4-члено семејство.

Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии, одговара на пратеничко прашање од Славјанка Петровска; 27.02.25., во Собрание на РСМ.

Еј, еј! Нема вриштење внатре!

 

Жртвата која се прикажува во јавност е токму оној кој предизвикал физички напад?

Па сега се поставува прашање, да не случајно жртвата која се прикажува во јавност е токму оној кој предизвикал физички напад. Да не испадне на крајот такво нешто.

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, го коментира нападот врз Данела Арсовска на Бит пазар; Сител, Дневник, 11.07.25.

 

Критичка мисла се формира преку математика и хемија

Укинувањето на предметите етика и логика нема да се спречи формирањето на критичката мисла кај децата, учениците, бидејќи критичка мисла многу повеќе се формира преку математика, хемија и други природни науки каде што има мисловен процес, а не учење како кај философија, социологија, етика логика и други општествени науки.

Весна Јаневска, министерка за образование, во расправа во собрание; СДК, 30.01.25.

 

Културното наследство да го дадеме на приватниот сектор

Ние денес разговараме за законски измени да може да се отвори структурата како владини институции нашето културно наследство да го дадеме на приватниот сектор за да може да прави бизнис од него. На тој начин со приватно-јавно партнерство може да се материјализира целата работа. Целиот свет се отвори на тој начин, а само ние останавме да го штитиме и да го затвораме. Јас ќе жалам ако сега не ги отвориме законите и не направиме промени.

Зоран Љутков, министер за култура; Вин-Вин, ТВ Телма, 17.04.25.

 

Руте од задникот на Трамп

Честитки и благодарност за вашата решителна акција во Иран, тоа навистина беше извонредно и нешто што никој друг не се осмели да го направи. Тоа нè прави побезбедни. Европа ќе плаќа НА ГОЛЕМО, како што и треба, и тоа ќе биде ваша победа. Вечерва слетувате во уште еден голем успех во Хаг. Не беше лесно, но ги добивме сите да се потпишат за пет проценти.

Марк Руте, генерален секретар на НАТО, во порака кон Трамп; Truth Social, 24.06.25.

АСПИРИНИТЕ

 

За да го смениме системот мора да ги смениме луѓето кои се во него

Младите вчера на симболичен начин ги изразија својот гнев за се она што се случува во државата. Тие вчера каменуваа дивоградба во центарот на градот. Полно е дивоградби и младите се револтирани.

Кој е крив за тоа? Општината, министерот за внатрешни работи. Мора со име и презиме да се каже секој кој носи титула, и секој кој е крив. Ние кои преживеавме од дискотеката, ако останеме овде, ќе продолжиме да гинеме. Гинеме од нечист воздух, гинеме од несериозни институции, гинеме од корупција, гинеме од секаков вид нефункционалност што ги го приредуваат самите носители на тие институции. Не може одговорноста да се сведува на луѓето кои се обезбедување, на тој што продава карти, тоа е срамота. Денеска изгорела дискотека, утре ќе горат градинки и школи, ако продолжи вака. За да го смениме системот мора да ги смениме луѓето кои се во него.

Венко Крстевски, фрагмент од видео запис, 18.03.25.

 

Замолчување на револтот на граѓаните за трагедијата во Кочани

Иако претставниците на власта декларативно повикуваат на „сплотување“ и надминување на разликите, деновиве сè почести се обидите да се оцрни, замолчи и задуши критиката и револтот на граѓаните за трагедијата во Кочани.

Поддржувачите на власта во медиумите и на социјалните мрежи повторно водат оркестрирани хајки против студентите и граѓанските инцијативи што најавуваат собири и протести.

Повторно се „спружуваат“ медиуми, новинари, граѓански организации и активисти, повторно се прогласува за „шарен“, „платеник“ и „предавник“ - секој што ја критикува истрагата за трагедијата и постапките на „безгрешната“ власт, која бара одговорност секаде, но најмалку во сопствените редови.

Овие јалови обиди за бегство од сопствената одговорност не носат ниту сплотување, ниту обединување на целата земја за „промена на системот“. Тие многу повеќе потсетуваат на темните времиња на Груевски и „заробената држава“.

Петрит Сарачини, Фејсбук, 22.03.25.

Овој повик се снима заради контрола на квалитетот.

 

Во оваа бескрајна криза ние сме фрлени во замката која од нас бара постојана реакција

Екстремната десница, медиумите и неолибералните институции придонесоа да го изедначиме нашето политичко искуство со искуството на еден константен паничен напад, кој никогаш не завршува. Во оваа бескрајна криза ние сме фрлени во замката која од нас бара постојана реакција, не нудејќи простор и време за размислување, рефлексија и структурни промени.

Сепак, уште не е време за капитулација.

Ирена Цветковиќ, Призма, 24.02.25.

 

Креираат политичка култура во која минорните активности изгледаат како великодушност

Кога Мицкоски лета дронови додека чисти ѓубре и нè уверува дека во реформите сме далеку пред Црна Гора и Албанија, само ЕУ никако да види, тоа не е глупост на човек што страда од делузија, туку политичка тактика. Политичката стратегија на денешното ДПМНЕ не е ништо друго, освен менаџирање на очекувања (празни контејнери како ултимативна цел), превентивно смислување изговори (ЕУ не нè сака) и создавање илузија на напредок (наводно завршени ЕУ реформи).

Политичарите менаџираат со нашите очекувања, не само реторички, туку и структурно. Преку спуштање на критериумите, така што не се занимаваме со суштински теми, како сообраќај, инфраструктура, јавни површини и паркинзи, туку само и исклучиво со ѓубре. Тие креираат политичка култура во која минорните активности изгледаат како великодушност.

Ирена Цветковиќ, Призма, 25.11.25.

 

Вистината не можат да ја купат

Додека загадувањето го задушува народот, тие донесуваат закони со кои податоците за индустриските загадувачи ги прогласуваат за деловна и државна тајна. Наместо транспарентност и правда, добивме криење и лаги. Наместо да ни обезбедат здравје, ни обезбедија труење и смрт.

Оваа власт истренира 300 илјади луѓе да гласаат со исклучен разум, хранети со лажни ветувања и водени од лична корист, купена со наши пари. Сосема доволно за да им ја решат судбината на останатите 1,5 милиони луѓе, од кои половината решија да не гласаат на избори. Така опстанува овој штеточински режим, не со вистината, туку преку релативно мала група што верува во лагите што им се сервираат.

Со помош на платена пропаганда и послушни медиуми, државата ја претворија во споменик на лагата, а од вистината се плашат повеќе отколку од каква било катастрофа. Зашто само вистината не можат да ја купат.

Дејан Трајковски, Окно, 12.11.25.

Ако ја држиш школката на уво, можеш да слушнеш како океанот те пцуе.

 

Зашто не би расипувале камиони и не би го затрупувале градот со ѓубре?

Кога во 2013 можеа да влечат гласачки кутии по тротоари и да исклучуваат лифтови и по цена на жртви, не гледам зошто претставници на иста власт не би расипувала камиони, не би го затрупала градот со ѓубре и по цена на болести и не би местела дебати. Се разбира, ова е само дел од она за што се способни.

Офелија Димковска, Фејсбук, 31.10.25.

 

Вести из бесвести

Не знам дали е ова веровали или не или вести из бесвести или јебо луд збуњеног, ама е најбоља слика за состојбите у државава.

Има полудиви крави кои сопствениците „ги пуштиле така“ во Паланечко и сеа тие крави ршум прават оти на сајбиите им е гајле. По проценка на официјалните ветеринари, „бројот на кравите изнесува над 600 животни кои неконтролирано се размножуваат и движат, не само во близина на селото, туку и во градот Крива Паланка; крави има по сообраќајниците и магистралните патишта, и тие предизвикуваат сообраќајни незгоди“, информираат од агенцијата за ветеринарство.

Е ова е најбоља слика на државата. И врзано гоедо да ни дадеш ќе ни избега, не можеме цела година да се справиме со крави (и тоа здрави) а сме биле битен фактор за ЕУ и стратешки партнер на Трамповата УСА. Абе ај не ме заебавајте.

Никола Писарев, Фејсбук, 13.03.25.

 

Еве наратив за новиот грб

Новиот грб треба да ни биде некаква комбинација од лав со тетовиран орел кој лета накај сонцето со 16 крака, а лево и десно се мостовите на Будимпешта, кулите у Дубаи и палатата у Монте Карло (да се знае кај се парите).

У средина може да има полупразна потрошувачка кошница пошто народот толку може да си дозволи. Погоре да има облак од аерозагадување со мртвачка глава, а под него река со мртви риби, оти и водите ни се загадени.

Сето тоа може да се заокружи со кучето што сака да си ја фати опашката како визуелизација на 34 години вртење у круг.

Да не забораиме у лентата од грбот да има превртен трактор, искршен стап на Ескулап, скината книга и Кирил и Методиј како кубат коси пошто и на земјоделието, здравството и образованието мајка им ебавме.

Еве наратив, се надевам некој од моите другари уметници ќе го визуелизира новиот грб.

Никола Писарев, Фејсбук, 17.02.25.

Оптичар

 

СПЕЦИЈАЛЕН ГЛАВОЛОМ

Текстот за кој Бранко Героски го тужи Бранко Тричковски

Што е Македонецот по националност!?Во секој Македонец постои Бугарин кој чека да излезе!

Србинот му е аутфит.

Пудра, првут, перика, Ноле, Цеца, Аца и Дара Бубамара…

Добро, а има ли Македонец во Македонецот?

Или врз него?

Нема!

Македонецот не постои како суштина, душа, внатрешност, тајновитост…

А не постои ниту како лак за нокти или маскара, како силуете влошка, како перика…

Тој е чад од буките што горат во шпоретот „Препород”!

Сива боја од оџакот во Ватикан кога Конклавата ќе избере папа.

Македонецот е Бугарин кој се претставува како Србин.

Всушност, глуми.

Надевајќи се дека овие ќе го спасат од Шиптарите.

Ко и Бугарите.

Македонецот по националност е ништо.

Можеби говно, ако има таква нација.

Која друга посебност може по четврти пат за 35 години да влезе во ренесанса така што ќе му доаволи, всушност, ќе ги замоли вмро, да и го хуманизира пеколот!

Со восхитувачка инфантилност.

Додека премиерот прди и државата смрди.

Бранко Тричковски, Фејсбук, 13.08.25.

Океј, ќе се најдеме во клубот на оптимистите, освен ако не ме удри автобус или нешто слично.

 

Слики: Дејв Коверли

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото