Долгот кон Зоки Панкер

07.01.2026 13:25
Долгот кон Зоки Панкер

Веројатно имав пола години од овие кои ги имам сега. Со постари увек, цела младост таква. Такви и ме влегоа.

Сакав и јас да частам, а имав помалце пари од моите бајаги постари другари. Тие работеа, јас не работев. Ама частев. Отидов кришем од десно до шанкот и му мафнав.

Го извадив саатот од рака кога веќе немав пари, и му шепнав „ќе ти донесам утре пари, вреди многу повеќе од пијачкиве саатот -еве ако не ми веруваш, земи го кога ќе ти донесам пари ќе ми го вратиш“.

Не ми го зеде.

Се насмеа и рече: Бегај мали!

И ми даде сѐ што побарав.

Другиот ден,бев таму, уште пред да отвори и работи. Го видов осветлен цел Балет (ретко кој го видел таков:)

На врата кога кажав зошто сум дојден ми се смееја.

Не ме пуштаа.

Дојде.

Ме фати за лакто позади и ме зеде со него внатре

Ме седна на шанк.

Кажав : дека носам пари заради вчера тоа што должев.

Ме погледна и се смееше рече: Не должиш ништо! Со самото што дојде и се сети ти не должиш ништо. Има надеж за светов со вакви деца ко тебе - рече.

И на крај: Иначе нема да ми вика газдата - јас сум газдата!

И се насмеа.

И ја никогаш нема да ја заборавам таа насмевка.

Светли очи. И добри.

После мојата дипломска журка беше таму. После јас влегував таму многу постари од мене ако не ги пуштаат на врата.

И после имаше години…

Беше шанкер каков што би посакал и Буковски. Беше лик од руски роман сам по себе. И дури и кога би можел некој да одбере какви особини треба да има совршен шанкер - би ти одзел некоја вредна твоја особина сигурно.

Сега веќе комотно може да се рече на било кого кој вели: „За сите сум добар - за мене само не чинам! “ - Не си Зоки Панкер па да си за сите добар, а за себе само да не чиниш.

И знам дека многу ќе се сложат со ова.

Ги гледаше луѓето вистински.

Онакви какви што се.

Во 3 наутро.

Весели. Тажни.Ранливи. Одвратни. Добри. Лоши.

Ги гледаше онакви какви ниеден ни психијатар, ни монах, ни најблизок - не ги видел. Ги гледаше какви се вистински. Никогаш никому намерно не му наштети или го искомпромитира - а ти ако не си можел не знам кој можел.

Никогаш не ми призна дека пишуваше. А знам дека пишуваше. И сигурен сум дека си пишувал со истиот дар со кој раскажуваше анегдоти и сцени. Меко и неверојатно луцидно.

Кога раскажуваше вицеви ги раскажуваше најкул на светот - како Зоран Радмиловиќ: Сите паѓаме од смеење само ти си озбилен и само очите ти се смеат.

И сега веќе може оној вицон кој си го раскажуваше на своја сметка: Влага Зоки Панкер у Сити мол и продавачките инстиктивно палат цигара и маваат по лустери.

Сега веќе може: Влага Зоки Панкер во Рајот и Свети Петар рефлексно мава по лустерот и со смеење пали цигара!

Беше посебен, како таков и ќе недостигаш секогаш.

Почивај во мир!

ОкоБоли главаВицФото