Од скршени чинии до 108 ѕвона: Како се слави Нова година ширум светот

08.01.2026 00:28
Од скршени чинии до 108 ѕвона: Како се слави Нова година ширум светот

Јадење грозје на полноќ, кршење чинии на куќниот праг, ѕвонење ѕвона во храмовите или маскирање во мечки – новогодишните обичаи ширум светот сведочат за различните верувања во среќата, заштитата и новиот почеток.

Новогодишните обичаи ширум светот се разликуваат од земја до земја и од континент до континент, а некои од начините за привлекување среќа во новата година се јадење грозје, кршење чинии, правење што поголема бучава за да се избркаат злите демони, маскирање во мечка…

Во Данска, ако се разбудите на Нова година и затекнете куп скршени чинии на својот праг, според данските стандарди, би се сметале за многу среќни. Таму постои обичај чинии да се фрлаат на влезните врати на пријатели и соседи за да имаат среќа во наредната година.

Во Шпанија крајот на годината се слави со јадење грозје со секое отчукување на часовникот на полноќ – вкупно 12 зрна грозје. Идејата е дека секое зрно носи среќа за по еден месец во годината, а се верува дека тоа помага и при запознавање сродна душа во новата година.

Во Шкотска се смета дека првата личност што во новата година ќе влезе во вашиот дом ќе ја одреди вашата среќа, па така за среќна се смета куќата во која преку прагот прв ќе зачекори темнокос маж. Се верува дека оваа идеја потекнува од времето на викиншките инвазии, кога русокос маж на вратата значел опасност.

Во Италија традиција е да се јаде леќа како дел од прославата за да се донесе среќа во новата година – колку повеќе леќа ќе изедете, толку повеќе среќа ќе имате.

Во Романија некои луѓе се облекуваат како мечки за да имаат среќа во новата година. Овој обичај потекнува од времето пред христијанството, кога се верувало дека дивите животни ги штитат луѓето од несреќа и опасност.

Јапонските обичаи предвидуваат 108 одѕвонувања на ѕвоната во храмовите.

Новата година се слави на 31 декември, а потребни се 26 часа сите земји во светот да ја дочекаат.

Извор: https://www.tanjug.rs/

ОкоБоли главаВицФото