Америка (фрагмент)

11.01.2026 21:14

Америко, ти всушност не сакаш да војуваш.
Америко, за сè се виновни злите Руси.
Русите, ах тие Руси и ах тие Кинези. Особено Русите.
Русија сака живи да нè изеде. Русија е луда по моќ.
Сака да ни ги украде автомобилите од гаражи.
Сака да го присвои Чикаго.
Нејзе ѝ треба Црвениот Ридерс Дајџест.
Сака да ги пресели нашите автомобилски фабрики во Сибир.
Сака нејзината огромна бирократија
да управува со нашите бензински пумпи.
Тоа никако не е добро. Фуј.
Таа би ги учела Индијанците да читаат.
Потребни ѝ се јаки црнчишта.
Аха. Таа би нè натерала сите да 'рмбаме
шеснаесет часа дневно. Помош!
Америко, ситуацијата е стварно сериозна.
Америко, имам таков впечаток додека гледам телевизија.
Америко, вистина ли е тоа?
Подобро веднаш да се фатам за работа.
Вистина е дека не сакам да одам во војска, ни да работам
на метален струг во фабрика за машински делови,
и онака сум кратковид и психопат.
Америко, одлучив да ти ја понудам својата педерска помош.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото