1008 hPa
81 %
9 °C
Скопје - Пон, 09.02.2026 11:59

Васко: - Дали се ова Гама зраци?
- Стоти пат ти велам, Васко, Да, Гама се!
***
Полиција:
- Добар ден, бараме човек со една нога...
- Па, побрзо ќе го најдете ако ги користите двете нозе!
***
Нудистите се борат за гол живот.
***
Дали веганите смеат да гласаат во месна заедница?!
***
Некрофилон не ебе жива сила!
***
Пораки ѝ праќаше додека му одговараше.
.jpg)
Треба да олабавиш, Ралф.
***
Како се вика витезот кој секогаш е среќен?
- Сер Ато Нин.
***
Никако да научам како на англиски се вика црвено, мислам дека е ред.
***
- Вие сте пулмолог?
- Неуролог.
- Би сакал да закажам преглед на простата.
***
- Како се вика разговорот за болки во грбот?
- Дискурс хернија.
***
– Дали си сигурен дека гилотината е остра?
– Глава давам.
***
- Дали спрејов е добар за комарци?
– Не е, ги убива.
.jpg)
Тоа е музичка соба
***
- Која си генерација?
- Таа во чие време хумусот беше земја за цвеќе.
***
– Го фати струја?!
– Ма, тоа е само фаза.
***
Отсуството на Перо ложачот наведува на помислата дека заминал во вечните ложишта.
***
- Измислив врата која се отвора со моќта на умот!
- Па, не е лошо тоа, кога ќе размислиш!
***
Кен прашува другар:
-Како се викаат оние лекови што се користат против несоница, за смирување, ама се многу штетни? Мислам дека некој ми ги става во чајот.
- Барбитурати?
- Не бе, не е она.
***
Одбојкари отвориле рибен ресторан крај река.
Таму приредуваат пецање и кување, а потоа ви сервираат.
***
Вардар: Мојата струја е најбрза!
Дрим: Не зафркавај, мојата е двојно побрза!
Преспанско Езеро: Стварно не знам кој е побрз, не сум во тек.
.jpg)
Мразам час по физичко.
***
Келнерот: Повелете.
Стефан: Кафе.
Стеван: Каве.
***
- Дојдeте поблиску, да ве видам!
Јети: - Не бе па ти.
Чудовиштето од Лох Нес: - Не сакам.
Вонземјаните: - Нема шанси, не доаѓа предвид.
- Имам камера со ниска резолуција, слаб квалитет на звук и растреперени раце.
- Нè убеди! Еве доаѓаме!
***
Околу ескимските куќички понекогаш има толку снег што игло нема кај да падне.
.jpg)
Можеби треба да се префрлам на безкофеинско.
***
Лавот и тигарот се договориле заедно да одат во лов и пленот да го поделат на два дела. Но, лавот заспал, така што тигарот завршил лавовски дел од работата.
***
- Како се вика мечка со ментално пореметување?
- Биполарна мечка.
***
Ќе размислиме за тоа подоцна, кога ќе дојде есен; или на англиски – аutumn-потом.
***
- Патот е покриен со снег, можеш да го исчистиш?
- Ќе го исчистам, ама само овој пат.
***
- Што е потребно кога ќе се изморите од уметност?
- Рестарт.
.jpg)
Цела ноќ се превртував.
Карикатури: Дејв Коверли