1008 hPa
81 %
9 °C
Скопје - Пон, 09.02.2026 11:59

Јас сум за забрана на пушење на јавни места. Чист воздух во кафулиња, институции и затворени простори е цивилизациска норма и тука немаме што да дебатираме.
Но, апсурдно е државата да зборува за „СТОП ПУШЕЊЕ“, додека во исто време дозволува системско, континуирано и масовно труење на цел град од индустриски загадувач.
Нема СТОП ЗА ГУШЕЊЕ без Стоп за Усје!
Не може:
- да се казнува човек што пуши цигара,
- а да се молчи за фабрика што со години загадува воздух, почва и здравје;
- да се повикуваме на јавно здравје,
- а да затвораме очи пред индустриско загадување со политичка заштита.
Пушењето е личен избор (со јасни правила каде смее, а каде не).
Индустриското загадување не е избор на граѓаните – тоа е наметнато.
Затоа пораката е едноставна:
- Нема „СТОП ПУШЕЊЕ“ ако нема и „СТОП УСЈЕ“.
- Нема селективна грижа за здравјето.
- Или сме принципиелни – или сме лицемерни.
Чист воздух не е луксуз. Не е ни идеологија. Тоа е основно право.