Поетите в зима

15.01.2026 21:34

Оддалеку идат џинови-тапоглавци да нѐ смачкаат.
Шепотот за нив се шири по уличките тесни.
Единствено што нѐ крепи е залажачката:
во вакви мигови треба да се пишуваат песни.
Веќе одамна не се греат библиотеките.
Со скочанети раце ја допишуваме книгата.
Студот стега, се фаќа лед по реките.
Се слушаат гласови дека џиновите пристигаат.
Потреперува земјата од нивните чекори.
Сите бедеми се покажуваат бесмислени.
Пишуваме и натаму, покрај сите прекори:
чуму стихови кога џиновите се неписмени?
Го снемува виделото под небосводот стушен.
Раката сѐ уште се движи, во мракот пишува уште.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото