Империјален бумеранг

25.01.2026 12:38

Убиствата на невооружени цивили на улиците на Минеаполис, вклучително и денешното убиство на медицинската сестра од интензивна нега Алекс Џефри Прети, не би биле шок за Ирачаните во Фалуџа или за Авганистанците во покраината Хелманд. Тие со децении беа тероризирани од тешко вооружени американски егзекуциски одреди. Ова не би било шок ниту за ниту еден од студентите на кои им предавам во затвор. Милитаризираната полиција во сиромашните урбани населби крши врати без налози и убива со истата неказнивост и недостаток на одговорност.

Она со што сега се соочуваме ние останатите Еме Сезер го нарече империјален бумеранг. Империите, кога пропаѓаат, ги применуваат дивјачките форми на контрола врз оние што ги потчинуваат во странство, или врз оние што поширокото општество ги демонизира во името на законот и редот, на домашен терен. Тиранијата што Атина ја наметна врз другите, забележал Тукидид, на крајот, со распадот на атинската демократија, си ја наметна себеси.

Но пред да станеме жртви на државен терор, бевме соучесници. Пред да изразиме морална огорченост поради недискриминаторското одземање невини животи, ние го толериравме, а често и го славевме, истото гестаповско тактизирање, сè додека беше насочено кон оние што живееја во земјите што ги окупиравме или кон сиромашните и обоените луѓе. Го посеавме ветрот, сега ќе ја жнееме бурата. Машинеријата на теророт, усовршена врз оние што ги напуштивме и предадовме, вклучително и Палестинците во Газа, е подготвена за нас.

Крис Хеџис,countercurrents.org, 25.01.26.