1016 hPa
32 %
34 °C
Скопје - Нед, 09.08.2026 13:09
на сопругата Соња
Цел живот го извишував својот дом,
но не со камен и вар, со чивии и греди,
туку со книги:
книги извишував нагоре,
книги на полици и над полици,
од книги ми беа масите и столовите,
на книги заспивав и со книги се будев.
Меѓу книгите има и понекој ѕиден часовник
и секој од нив го шепотеше времето
до кое стигнале книгите и каде продолжуваат.
Има и само една свеќа меѓу книгите и часовниците,
која, кога исчезнува некој,
сама од себе се пали и догорува.