Болен Дојчин

27.01.2026 14:16

Јаде слатки од сусам и ги мазни
јајцата од оникс што ги купувал низ Левантот.
Се плаши од провев. Тешко
може да му се угоди: ту бара
да не биде вознемируван,
а ту да му свират свирци дамбоани.
Со денови седи крај прозорецот
како да чека некого или нешто.
Доаѓањето на пролетта го прави
нервозен и раздразлив: мрмори,
шмрка незадоволно, крева врева
за ништо. Станува неподнослив.
Размислува како би било добро
да се разболи за да може на мира да ги чита
дебелите романи за Црната Арапина.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото