1011 hPa
66 %
9 °C
Скопје - Нед, 15.03.2026 08:59
Во Европа има значаен пресврт во јавното мислење, и покрај силната и веќе не скриена мејстрим пропаганда.
Од овој шифт највеќе профитира крајната десница.
АфД , германската крајна десница, изјави дека за минирањето на северниот ток, Украина треба да надомести десетина милијарди во негова поправка, ако не и стотина. Јаваат, по мене паметно од нивна перспектива, на бранот на шифтот. И многу лукаво. Зошто?
Постои уште достапна снимка од заедничка прес конференција на Бајден и Шолц, во која Бајден буквално го најави ова, пред очите на Шолц, директно. Јасно е дека зад уништувањето на северен ток идејно, логистички, а можеби и директно стојат Американците. Можеби за таа операција беа ангажирани украински командоси (тоа треба истрагата да го утврди, ако воопшто го утврди), но зад неа стојат америте. Тоа АфД го знае, впрочем, како што кажав, се чита лесно од пресот на Бајден и Шолц, но не смее јавно да го каже, оти ќе загуби јаки спонзори, а и ќе си создаде моќни непријатели. А вака ем игра со Русите, ем со Американците. Вин-вин.
Крајната десница може да ѝ држи докторски дисертации на левицата по политика.
Кирил Арсов, Фејсбук, 27.01.26.