1008 hPa
81 %
9 °C
Скопје - Пон, 09.02.2026 11:59

Природниот нагон за сопственост
Кога некој во едно друштво го нарекол нагонот за сопственост природен, господинот Којнер ја раскажал следнава приказна за рибарите староседелци:
На јужниот брег на Исланд има рибари кои морето го поделиле на парчиња со помош на цврсто закотвени бови и го распределиле меѓу себе. Кон „водните ниви“ рибарите се приврзале како да се нивна сопственост. Чувствувале толкава поврзаност што, дури и кога рибите би ги снемало, тие не би се откажале од „нивите“. Ги презирале жителите на пристанишните градови, каде што го продавале уловот, оти ги сметале за површни и одвоени од природата. Себеси се дефинирале како „вкоренети во вода“. Кога ќе фателе некоја поголема риба, ја чувале во корито, ѝ давале име и ја третирале како да е нивна. Во последно време се тврди дека работата лошо им врви, но тие одлучно го одбиваат секој обид за реформа, та срушиле неколку влади кои ги игнорирале нивните обичаи. Таквите рибари неоспорно ја докажуваат моќта на нагонот за сопственост, на која луѓето по својата природа ѝ се покоруваат.
.jpg)
Добар одговор
Еден пролетер на суд бил прашан дали сака да користи световна или црковна форма на заклетва. Тој одговорил: „Јас сум невработен.“
„Ова не било речено од расеаност“, рекол господинот К. „Со овој одговор тој покажал дека се наоѓа во ситуација во која таквите прашања, па можеби и целото судење, немаат веќе никаква смисла.“
Поуки
Оној кој не разбира, најпрво мора да почувствува дека бил разбран.
Оној кој треба да слушне, најпрво мора да почувствува дека бил слушнат.
.jpg)
Слики: Chris Buzelli
Превод: Н. Г.
Извор за текстот: Bertolt Brecht, Geschichten vom Herrn Keuner