Вчерашните слики од случувањата во Битола претставуваат пораз за граѓанското општество

06.02.2026 11:23
Вчерашните слики од случувањата во Битола претставуваат пораз за граѓанското општество

Вчерашните слики од случувањата во Битола претставуваат пораз за граѓанското општество во Република Северна Македонија. Да се протестира со барање да се биде изземен од законот е апсурдно и апсолутно недозволиво. Но, да се прави тоа преку палење на гуми и останат отпад кој предизвикува труење на сопствениот град, е веќе недопустиво и криминално.

Законот мора да важи подеднакво за сите, а секој што намерно предизвикува загадување мора да сноси одговорност!

Што треба да знаат организаторите и учесниците:

Намерно загадување: Палењето гуми е директно кршење на Законот за управување со отпад и Кривичниот законик. Ова е опасен отпад кој ослободува канцерогени материи. Глобите се јасни, а институциите се должни да ги изречат веднаш.

Кривичен законик: Согласно членовите 230, 288 и 297, намерното загрозување на животната средина е кривично дело за кое е предвидена казна затвор од 1 до 5 години. Ова не е обичен прекршок, туку напад врз јавното здравје и општата безбедност.

Еднаквост пред законот: Не може да се бара државата да „замижи“ за примената на законските норми, додека свесно се гази правото на здрава животна средина на сите граѓани во Битола.

Нема „правда“ во црниот чад. Барањето да се биде над законот додека го загадуваш воздухот што сите го дишеме е врв на безобѕирност. Надлежните институции мора да реагираат —Битола не смее да биде заложник на беззаконие!

(соопштение на Еко-свест, 05.02.26.)

ОкоБоли главаВицФото