1019 hPa
51 %
25 °C
Скопје - Вто, 14.07.2026 14:59
Еден ден, нема да се разбудам
Ќе легнам и ќе пцовисам
Во креветот ќе остане
мојата мрша, без душа.
И? Голема работа.
Секој што се родил
ќе се пресели кај што треба
кога ќе му дојде часот.
А, дотогаш - радувај се
што си жив и мрдаш!
Цел живот
ја усовршувам радоста
и на тоа му нема крај.
Нешто како гладувањето
на магарето од Насрадин Оџа.