Промоција на првата нема сликовница „(С)обувки“

16.02.2026 13:18
Промоција на првата нема сликовница „(С)обувки“

„(С)обувки“ е првата нема сликовница во Македонија, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за сликовница без зборови што ја раскажува приказната исклучиво преку илустрации, оставајќи му слобода на читателот самиот да ја досоздаде. По идеја на Оливера Ќорвезироска и со илустрации на Наталија Лукомска, оваа визуелна приказна нè води низ магична редица од обични луѓе и ликови од бајки и познати книжевни дела, кои боси чекорат кон најдобриот чевлар на светот. Таму секој ги пронаоѓа своите совршени обувки, освен девојчето од соседството за кое остануваат чевли со високи потпетици. Но, на девојчето тие многу му се допаѓаат, ги обува и среќно излегува од приказната.

Учесници: Оливера Ќорвезироска, Наталија Лукомска (илус.), Елизабета Баковска, Владимир Мартиновски, Ермис Лафазановски и Никола Маџиров.

ОкоБоли главаВицФото