„Сите за Палестина“ организира сценско читање на „Монолозите од Газа“ во ФДУ

20.02.2026 03:09
„Сите за Палестина“ организира сценско читање на „Монолозите од Газа“ во ФДУ

Активисти од Иницијативата „Сите за Палестина“ и актери од независната театарска група „Штрих“ организираат сценско читање на „Монолозите од Газа“ на Академската сцена на ФДУ.

„Монолози од Газа“ е збир на сведоштва за страдањето на палестинскито народ, собрани од палестинскиот театар „Аштар“, кој го споделува материјалот со цел да се слушне гласот на настраданите и угнетените и на македонски јазик.

„Ја покануваме јавноста да дојде, да ги слушне нивните приказни и заедно да покажеме дека солидарноста нема граници. Настанот е од добротворен карактер: влезот е слободен, а во кутија за донации ќе може да оставите ваш придонес за хуманитарни цели, посочуваат од „Сите за Палестина“,

Настанот ќе се одржи во понеделник на 23 февруари во 19 часот.

Слични содржини

Општество / Активизам / Култура / Настан
Активизам / Култура / Настан / Историја
Општество / Активизам / Култура / Уметност / Настан
Активизам / Култура / Настан
Активизам / Култура / Настан

ОкоБоли главаВицФото