Зајо раскажуе како било у поплавата у Скопје 1962

24.02.2026 00:37
Зајо раскажуе како било у поплавата у Скопје 1962

Сабајлето, коа поплавата беше најјака, станав и, гледам, околу зградата – све пуно со вода. „Готово“, почна да вика мајка ми. „Пропаднава стварите у подрум!“ „Нема тоа да се случи, све док имаш вакви арслани“, рече татко ми. „Мие лично све ќе изевакуираме“, и за малце, со него и со брат ми, се спуштивме доле, у подрум, да спасиме што може да се спаси. А доле – све: тенџериња, тегли, пола канта сирење, зелката само што стаена у каци, и некои други драгоцени ствари: два куфера останати од дедо ми, пуни со документи и слики, стари рамови, една наткасна, столчиња останати откоа купивме нов намештај. Абе, све…

Ама, подрумот беше, више, пун со вода. Жута, прљава, дубока…

Успеавме некако да ја откључиме вратата, ама водата продолжи да навлегуе и све да го пуни подрумов. Коа земавме све што можеше да се земе, едвај сме почнале да ти се пробијаме нагоре. Мие сакаме нагоре, а новата вода нè бута све наназад. Брат ми и татко ми се искачија некако, а ја останав зад нив, со едно старо лимено корито у рукиве, ко што ми го дале да го носам и спасуам, и една стара метла со дршка у него. И чекам што ќе се деси. Татко ми и брат ми више тука не беа. „Зајо“, си викам, „сега мораш да бидеш ептен присебен. Иначе си готов. Жива глава не изнесуеш. Има вода да те гута!“ Таман што сум го рекол тоа, коа ми дојде една сила, абе еве на, све у мускулите ја осеќам. Нема, у тија моменти мораш да си таков, иначе отиде. Глеам ја, водата продолжуе, влегуе у подрумов. Коа сум ти фатил, држ-не дај, лево-десно, едвај сум успеал да се пробијам по скалите, горе до приземјето, све држеечки, за оградата од скалите, ама што ако; зашто силите ми беа до сам крај и само се прашував коа ќе дојде нова вода и ќе ме удави. И тогаш ми „светна“ (сум го видел тоа у филм или не знам како), важно го стаам коритото на тоа водата, мајката, глеам, плива, па полека, и ја ти се качуам у него. Потона малце, ама коа видов дека коритото ме држи, се сетив дека метлата може да послужи као весло, па сум ти замавтал со дршката и – правац испловуеме надвор од зградата, кроз маалото. Маалото у поплава, ја у тоа моето кану. Све таласи го удираат – бам, бум – го нишаат… опасно, ама ја со тоа метлата – опаа – све фаќам равнотежа. Нема лабаво: Глаа треба да се спасуе!

Ме носи, така, поплавата, коа глеам, на едно дрво – абе, какво дрво – му се гледаат само голи гранките од тоа крошната – мачка. Мјаука, ама не да мјаука, него се корне и све нешто тужно гледа у една тачка, у тоа водата прљава пред неа. Еј, мајката! Она самата, заробена у голите гранки. А у водата, што да видам, ѝ се дави едно маче. Слушај бе… абе, не сум ни размислил коа со цела сила сум ти завеслал – крк, крк – до дрвото и – тачно коа мачето потонуе, и водата го покрива – фљааас! – како сум се фрлил у неа, сум загњурил и – оооп, цап! – сум успеал да го фатам мачето пред да потоне по, у тоа, длабокото. Излегуам со него на површината. Оно, сирото, удавено, зима воздух, лапа. Ја, пружам рука накај мачката, сеа и неа сакам да ја спасам, ама она, уплашена од све тоа што ја стрефило, замавнуе со шапата и – грааау! – овакa ме распорува по рукава (сеа више ми помина, а жими све не сум ја мочал раната, помина можда од тоа прљавата вода)… Крвои на сите страни, рана – овoлкаа. А ти ѝ дааш рука спаса! Али, животинка, што знае она што е тоа фер жртвовање. И, добро, сум успеал, брзо – цап! – и, заедно со нејзиното маченце, да ја стаам у тоа кануто. А жими све, уморен више, едвај сум се качил и самиот.

Така, тројцата продолжуеме да пливаме, абе да пловиме по тоа маалскиот двор, више ја не управуам, него како што нè носи водата, а она, фино-лепо, нè бута накај една куќа што само чардакот ѝ останал над вода. И така, допливуеме некако до него, ја ти се искрцувам, загазуам на тој чардак и – так, так, так! – чукaм на врата. Има ли некој, си викам, или вака ќе се страда, со мачки и со запалење плуча! Кога, таму, за среќа, изненаден и уплашен излегуе комшијата (не можам да ви кажам кој е, незгодно е, може да се увреди!). А среќен што си ја глеа мачката, што да ти причам. Не се надевал дека ќе се најде некој што ќе му ја спаси. „Сум останал у очајање!“, ми рече, ми стаи рука на рамо и фати да ми се заблагодаруе и да ме кани у куќа…

(фрагмент од расказот „Водени приказни“ од книгата „Пеперутката на детството“, 1993)

Слики: Chris Buzelli