Горан Стефановски во „Јоле“ раскажува вицови и сништа

25.02.2026 16:04
Горан Стефановски во „Јоле“ раскажува вицови и сништа

 

Петре и Гане во сонот на Горан

Еднаш младиот Горан Стефановски, скромниот македонски обединител, во „Јоле“ им раскажал сон на книжевните бардови Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски.

„Од горниот кеј на Вардар, негде накај Аеродром, го гледам Гане Тодоровски како замислено се шета крај реката. Во еден момент на спротивниот брег Гане го гледа ‒ и јас го здогледувам во истиот миг, од нигде никаде ‒ својот контраспротивен пријател Петре М. Андреевски. И тогаш Гане извикува, во мојот сон: ’Ало, Петре, како да преминам на другата страна?’ А Петре студено одговара: ’Па ти си веќе на другата страна’.

Петре и Гане ладно го погледнале младиот драмски писател и се воздржале од коментари.

 

Горан на Гане му раскажал виц за Србин и Македонец

Горан Стефановски му раскажувал виц на Гане Тодоровски, за да го испровоцира:

‒ Србин и Македонец во кафуле разговараат за политика. Србинот нарачал Молотов, а Македонецот Мохито.

Гане Тодоровски размислил малку, ама овојпат решил да не упаѓа во стапиците на драмскиот писател.

Не те судам, ама волк во долен веш на овца изгледа малку лудачки.

 

Последните зборови на Исус пред Македонците

Другпат Горан Стефановски на Гане Тодоровски му раскажал друг виц, а сличен, за да го испровоцира:

‒ Кои биле последните зборови на Исус пред Македонците? „Не правете ништо додека не се вратам!“

Гане Тодоровски продорно ‒ делумно прекорно, делумно согласувајќи се ‒ го погледнал младиот талентиран драмски писател, ама и овојпат решил да не одговара на провокации.

 

„Имаме ланци“

Третпат Горан Стефановски на Гане Тодоровски во „Јоле“ му раскажал трет сличен виц, за политички да го испровоцира истакнатиот македонски деец:

‒ Двајца затвореници избегале од затвор. „Надвор почна да паѓа снег, како ќе бегаме?!“, се загрижил едниот. „Не се секирај, имаме ланци“, одговорил другиот.

‒ Па, Горан, овојпат би можел да се согласам со вториот затвореник. Може да се бега и со ланци, зарем не?!

А Горан Стефановски значајно се замислил.

Го почитувам напорот, но можеби треба да се држиме до овча облека.

 

Да цркне кравата

Горан Стефановски кај „Јоле“ држел слово против разединетоста на Македонците:

Македонец фатил златна рипка. Рипката му рекла дека ќе му исполни три желби ако ја пушти.

„Прва желба ми е да му цркне кравата на комшијата Перо, што живее лево од мене. Втора желба ми е да му цркне кравата на комшијата Миле, што живее десно од мене.“

„А третата желба?“, прашала рипката.

„И мене да ми цркне кравата!“

„А зошто па тебе?!“, се чудела рипката.

„Ни по млеко да не ми доаѓаат!“



Број три, тргни ја овчјата наметка и исчекори напред.

 

Слики: Дејв Коверли

ОкоБоли главаВицФото