Со музика против цементарницата „Усје“

02.03.26 01:15

Иницијативата „Стоп за Усје“ на 27.02.26. одржа осумчасовен музичко-протестен настан непосредно пред влезот на цементарницата Титан Усје. Настанот е дел од активистичката борба која се води неколку месеци под паролата „Без Усје полесно се дише“.

Настанот имаше двојна цел – јавно изразување на барањата за почиста животна средина и испраќање порака за тоа каков град сакаат граѓаните. Музичката програма го симболизираше урбаниот и културен идентитет што треба да има предност пред индустриските капацитети кои негативно влијаат врз квалитетот на воздухот во Скопје.

Пренесуваме триесетина фотографии од самиот почеток на настанот.

 

Слични содржини

Активизам / Фотографија / Квир / Око

ОкоБоли главаВицФото