1016 hPa
43 %
20 °C
Скопје - Нед, 12.04.2026 14:59

„Тело-простор, документарна инсталација“ е перформанс кој при поставувањето и изразувањето на телото во просторот, користејќи истражувачки, аналитички, театарски и танцови методи на специфичен сценски јазик остварува интимен дијалог со гледачот.
„Тело-простор, документарна инсталација“ е авторски независен уметнички продукт, кој се заснова на сите сокриени или неискажани вистини, приказни, внатрешни борби, јавно достапни и официјални статистики и анализи. Перформансот е повик за трансформација, љубов, слобода, емпатија, повторно раѓање. Фокусиран на превенција и главната состојка за решение за културата на насилство и вознемирување и пасивни гледачи. Овој перформанс е мостот помеѓу реалноста и уметноста.
Настанот ќе се одржи во недела (8 март) со почеток од 20:00 часот во Центар Јадро.