Чунот на лудите

10.03.2026 10:21

Според сликата на Хиеронимус Бош


По реката плови чун полн бегалци од лудница.
Чуварите, беспомошни, им се закануваат со пушките.
Од брегот ги следат деца, кучиња – цела глутница –
и еден ловокрадец што наѕирна од грмушките.

Го пресекле јажето што ги врзувало за брегот.
Некои држат говори, некои само се смеат.
Полегнати врз клупите како врз најмеко легло
занесено гледаат в небо, пијат вино, пеат.

Кон средина на реката струјата ги влече.
Ќе се разминат, мимолетно, со некој врбјак бушав.
Ене – веќе исчезнуваат зад свијокот речен.
Само уште нивната радосна песна се слуша.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото