1021 hPa
71 %
12 °C
Скопје - Нед, 13.09.2026 23:59
По прашливи друмје шлапаат поетите-скитници.
Зинатите чевли им се преврзани со лико.
Ги заобиколуваат оддалеку строгите митници
а каде преспиваат – нема да ви каже никој.
Им ветиле дека за стиховите богато ќе им платат
и дека ќе се изнајадат од јанијата овча.
Но сега, по толку пат, пред влезот во палатата,
ги чека лош знак: на прагот лежи мртов готвач.