Детска песничка за злоделата на ловокрадците

13.03.2026 20:59

Ноќе, во шумскиот честак,
на лисец ќе најдат длапка.
Жолтиот опаш, прескап,
ќе им висне од шапка.

Тетреб ќе првне од папрат.
Истрел – и ќе се стркала.
После, под сивата карпа,
ловечка чорба сркаат.

Ќе спукаат, во заседа скрити,
по дивојарецот стар и брадест.
Готов е! Кој? Поетот-скитник.
Колнат: „Од кај па тој се најде?“

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото