Гробот на поетот-скитник

16.03.2026 10:24

Гробот на поетот-скитник нема никаков белег.
Клукајдрвецот напразно точките и извичниците ги чука.
Ластовиците подвлекуваат нешто со својот прелет.
Мравките-просветители ја составуваат азбуката.

Врз каменот мовта става интерпункциски знаци.
Напладне допишува нешто на маргините чучулигата.
Приквечер исправки додаваат лилјаците.
Но нема кој да ја состави книгата.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото