1014 hPa
77 %
17 °C
Скопје - Пон, 11.05.2026 08:01
Едни велат дека светот
ќе пропадне во пламен,
други во мраз
Роберт Фрост
Техеран памети милениуми
па не ќе ја паметел ланската пролет
сега нема каде да се свртиш
мирисот на пролетта е заменет со барут
лево или десно – по крајот нов крај
од пропаст во пропаст
вековите на плеќите на градот
во слободен пад
нема каде да се кријат аманетите
од древна персија
во некоја џенемија
се закажува дружба
под знамето на апокалипсата
пролетерите од сите земји
се обезнамени
силниците одат а не знаат каде
важно е да се оди
макар и водачот да не знае каде води
вкв апокалиптичари на небото
да ги скротат ѕвездите
таму некаде којзнае зад колку мориња
ужасот во техеран се прикажува
во внатрешно-политичките
страниици на весниците.