Промоција на зборникот „Кога те нема, најприсутна си тогаш: Родот и сексуалноста меѓу субверзијата и дисциплината во македонската култура“

27.03.2026 02:43
Промоција на зборникот „Кога те нема, најприсутна си тогаш: Родот и сексуалноста меѓу субверзијата и дисциплината во македонската култура“

30 март (понеделник) I 20:00 часот

Промоција на зборникот „Кога те нема, најприсутна си тогаш: Родот и сексуалноста меѓу субверзијата и дисциплината во македонската култура“, уреден од Славчо Димитров и Мања Величковска, во издание на Коалиција МАРГИНИ.

Публикацијата претставува интердисциплинарен придонес кон истражувањето на родот, сексуалноста и маргинализираните искуства во македонскиот културен контекст, обединувајќи анализи од фолклорот, антропологијата, книжевноста, визуелните и изведувачките уметности, филмот и поп-културата. Преку критички и истражувачки текстови, зборникот отвора прашања за репрезентацијата, моќта, отпорот и алтернативните културни наративи, позиционирајќи се како важен архивски, истражувачки и јавен ресурс за понатамошни дебати и знаење во областа на родовите и квир студии.

За време на промоцијата во план е по неколку минути збор да имаме ние уредниците и неколку авторки чии текстови се за првпат објавени во рамките на овој зборник.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото