1013 hPa
38 %
32 °C
Скопје - Нед, 12.07.2026 16:59

Почина театарскиот режисер Оливер Мицевски, објави Народниот театар Битола. Мицевски имаше 46 години и починa по кратко боледување.
Мицевски живееше во Лондон, а во јуни 2025 година, по пауза од 14 години, се врати во Македонија и во Битолскиот театар ја постави претставата „Едмонд“ од Дејвид Мемет.
Дипломирал театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на Слободан Унковски. Во 2009 година добил стипендија од норвешката влада за специјализација на тема за Хенрик Ибзен, во Центарот Ибзен на Универзитетот во Осло.
Во меѓувреме се преселил во Будимпешта, каде што го основал независниот „Театар на покривот“, театар со англиски репертоар. Подоцна работел низ повеќе европски сцени, со фокус на минималистичкиот театар и современите перспективи на театарот.
Неговото последно појавување на македонската сцена беше токму со претставата „Едмонд“ во Народниот театар Битола, која ја постави во 2025 година по долг период работа во странство.