1016 hPa
43 %
20 °C
Скопје - Нед, 12.04.2026 14:59

Што се случува со белосветските либерални интелектуалци, професори и новинари на Запад, зошто повеќето молчат? Во малата гласна група најмногу има интелектуалци Евреи кои прогледале и ги презреле ционистите во Тел Авив.
Да ги погледнеме новинарите кои се убиени. Анисал Шариф, 28 години, наградуван новинар од Газа, целaтa своja возраснa доба работел исклучиво на истражувачко новинарство. И потоа Израел го прикажува како оперативец на Хамас и го убива.
Истиот случај е со Исмаил Ох Гул, 27 години, образуван, професионален, посветен на својата работа. И Хасам Шабат, 23 години. А сè што прават медиумите прават е прераскажување на соопштенијата на ИДФ: „Убиен е пперативец на Хамас “. Како се осмелуваат? Каде е бесот? Каде е срамот? Западните новинари не можат да ја појмат храброста и саможртвата на новинарите во Газа. Тие ја работат работата што е смртна пресуда, од должност кон својот народ и заради одбивање светот да го игнорира нивното страдање.
А што прават суперинтелектуалците и новинарите од New York Times, BBC, CNN, како и академиците од разни институти на Запад? Повеќето од нив две години молчат додека систематски се убиваат недолжни луѓе, додека се цензурираат, дискредитираат и се прикажуваат како терористи само затоа што работат во Al Jazeera, која и самата е прозападно ориентирана. Толку „принципи“, а кога треба јавно да се застане, тогаш се анонимни. Кога 200 новинари од BBC испраќаат писмо за пропаганда и геноцид – и тоа анонимно. Браво, навистина храбро.
Каде се доказите? Кој им дозволува да тврдат што било, а да не ги пуштат западните новинари во Газа за да видат што навистина се случува? Ништо. Само препечатување на соопштенијата на ИДФ. Палестинските новинари се единствените што сведочат за реалноста, и затоа се мета.
Западните новинари и интелектуалци не креваат глас. Не можат да ја појмат човечноста на тие луѓе. Во историјата на војните не се убиени толку новинари и меѓународни мировници.
Сето ова е брутално, гротескно и срамно за новинарството. Систематскиот прогон и убивањето колеги, додека светот молчи, покажува колку „слободните медиуми“ всушност удобно молчеле пред страшните глетки и походите на режимот од Тел Авив.
.png)
Слики: Ahmad Qaddura