Болница (4)

03.04.26 01:52

Од подвижни ленти за пациенти и лекари кои чекаат лајкови пред да ја соопштат дијагнозата, преку осигурување што не покрива пијавици но затоа пак нуди полжави — Дејв Коверли не поштедува никого. Супермен е принуден да облече болничка пижама, а хирурзите среде операција добиваат желба за ореви — совршен црн хумор за сè што може да тргне наопаку во болница.

Глеј, ти реков дека кремава за лице не треба да ја користиш за тело, Боб.

Кажи ми нешто повеќе за таа диета со семки од сончоглед.

Осигурувањето не ти ги покрива трошоците, но полжавите можат да помогнат при некои состојби.

Иако здравјето ѝ е подобро, состојбата на г-ѓа Мејбл е критична.

Ќе го задржиме неколку дена, но можеме да ви позајмиме привремен маж.

Цвеќето е фино, Боб, ама балоните реферираат на мене.

Супер би било бар еднаш некој да влезе овде и да не се жали за нешто.

Се извинувам, ама се осеќам ко на подвижна лента.

Совршено сте здрави за ваша возраст - и ќе ви препишам нешто да заќутите во врска со тоа.

Смешно, ова е истата таблета што ја земе и шефот на фармацевтската компанија што ги дува цените, за да може да спие навечер.

Имате семејна историја на задоцнети плаќања, несериозни судски спорови или измама со осигурување?

Не сум баш одушевен од вашата снимка на мозокот...

Единствен сум овде на кој му се пријадоа ореви?

Да видам колку луѓе ќе ми ја лајкнат дијагнозава, пред да ти ја пратам.

Лев или десен удар?

Мораш да облечеш стандардна болничка пижама, Супермен.

Мислиме дека е мртов, ама закопајте го со неговиот телефон, за секој случај.


Кон третиот дел.
Кон вториот дел.
Кон првиот дел.

ОкоБоли главаВицФото