Соодветни мигови за пиење чај

07.04.2026 16:25

Кога срцето и рацете безделничат.

Кога се уморни после читање поезија.

Кога мислите се чисти.

Кога духот е вознемирен.

Слушајќи песни.

По завршувањето на песна.

Кога свирите ќин и гледате слики.

Со мирисно стапче во ателје.

Кога ќе заврши празникот поминат дома.

Кога водите длабок разговор до доцна.

Кога слушате пријатен разговор.

Кога седите во тишина, набљудувајќи ги планините.

Кога пречекувате стари пријатели кои доаѓаат од далеку.

Откако гозбата е завршена и гостите заминале.

Кога децата се на школо.

Во тивок, издвоен храм.

После силен дожд, во павилјон прекриен со лотоси.

На мала маса, под сенката на шума од бамбуси.

Кога цветовите на сливата штотуку почнале да цветаат.

Кога се слуша звукот на ветрот во боровите гранки.

Во осликан чамец во близина на мал дрвен мост.

Во пролетна ноќ, крај отворен прозорец.

Кога сонцето полека заоѓа зад хоризонтот.

Кога денот е јасен, а ветрот благ.

Во близина на силен извор и чудна карпа.

 

Превод: П. В.

Записи за чајот (Cha Shu), околу 1597 година

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото