Излезе од печат романот „Борбите и метаморфозите на една жена“ од францускиот современ писател Едуар Луј

08.04.2026 00:22
Излезе од печат романот „Борбите и метаморфозите на една жена“ од францускиот современ писател Едуар Луј

Во издание на издавачката куќа „Илика“ од печат излезе романот „Борбите и метаморфозите на една жена“ од францускиот современ писател Едуар Луј. Книгата е дел од едицијата „Современа проза“ и претставува ново продолжение на авторската линија на Луј, кој преку наративните техники на автофикцијата истражува класни, општествени и лични теми.

Едуар Луј е еден од најзначајните квир автори на современата книжевна сцена, а неговото дело се одликува со искрен и директен пристап кон сложените прашања на идентитетот, насилството и општествените улоги.

Во својот нов роман, тој раскажува за семејни релации, улогите што ни ги наметнува општеството, како и за личната потреба да се побегне од сите ограничувања, па дури и од самите себе. Книгата се осврнува и на односот меѓу мајките и синовите, на распарчувањето на семејствата, но и на теми поврзани со моќта и политиката, велат од издавачката куќа Илика.

New York Times ја оцени книгата како „безмилосно отворена кон читателите и кон себеси, при што личното искуство на авторот се претвора во универзален вресок поради нашите заеднички страдања.“

Од Илика додаваат дека ова не е прва книга на Луј во едицијата „Современа проза“ на „Илика“, што ја потврдува неговата континуирана авторска ангажираност и посветеност на личните и општествените теми.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото