Горан Стефановски во „Јоле“ раскажува вицови и сништа

09.04.2026 15:38
Горан Стефановски во „Јоле“ раскажува вицови и сништа

 

Петре и Гане во сонот на Горан

Еднаш младиот Горан Стефановски, скромниот македонски обединител во обид, во „Јоле“ им раскажал сон на книжевните бардови Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски.

„Од горниот кеј на Вардар, негде накај Аеродром, го гледам Гане Тодоровски како замислено се шета крај реката. Во еден момент на спротивниот брег Гане го гледа ‒ и јас го здогледувам во истиот миг, од нигде никаде ‒ својот контраспротивен пријател Петре М. Андреевски. И тогаш Гане извикува, во мојот сон: ’Ало, Петре, како да преминам на другата страна?’ А Петре студено одговара: ’Па ти си веќе на другата страна’.

Петре и Гане ладно го погледнале младиот драмски писател и се воздржале од коментари.

 

Збудалувам или типов пуши пиво? 

 

„Имаме ланци“

Другпат Горан Стефановски на Гане Тодоровски во „Јоле“ пак му раскажал сличен виц, за политички да го испровоцира истакнатиот македонски деец:

‒ Двајца затвореници избегале од затвор. „Надвор почна да паѓа снег, како ќе бегаме?!“, се загрижил едниот. „Не се секирај, имаме ланци“, одговорил другиот.

‒ Па, Горан, овојпат би можел да се согласам со вториот затвореник. Може да се бега и со ланци, зарем не?!

А Горан Стефановски значајно се замислил.

 

Да цркне кравата

Третпат Горан Стефановски кај „Јоле“ држел слово против разединетоста на Македонците:

Македонец фатил златна рипка. Рипката му рекла дека ќе му исполни три желби ако ја пушти.

„Прва желба ми е да му цркне кравата на комшијата Перо, што живее лево од мене. Втора желба ми е да му цркне кравата на комшијата Миле, што живее десно од мене.“

„А третата желба?“, прашала рипката.

„И мене да ми цркне кравата!“

„А зошто па тебе?!“, се чудела рипката.

„Ни по млеко да не ми доаѓаат!“

 

Јас сум нетолерантен на лактоза, другар ми на глутен,
а типот на крај само е нетолерантен! 

 

Горан на Анте му раскажал виц за Србин и Македонец

Горан Стефановски му раскажал виц на Анте Поповски, за да го испровоцира:

‒ Србин и Македонец во кафуле разговараат за политика. Србинот нарачал Молотов, а Македонецот Мохито.

Анте Поповски размислил малку, ама поради своите непријатни искуства со македонските власти овојпат решил да не упаѓа во стапиците на драмскиот писател.

 

Последните зборови на Исус пред Македонците

Горан Стефановски во „Јоле“ на Велигден му раскажал виц на Анте Поповски:

‒ Кои биле последните зборови на Исус пред Македонците?

‒ Не знам, збунето ги наведнал рамениците Анте.

‒ „Не правете ништо додека не се вратам!“ ‒ триумфално извикал Горан, привлекувајќи го вниманието на целата гостилница.

Анте Поповски продорно ‒ делумно прекорно, делумно согласувајќи се ‒ го погледнал младиот талентиран драмски писател.

 


Ни заврши кафето. Ама еве ти еден шамар
за будење, за 4 и по долари.

Слики: Bill Whitehead

ОкоБоли главаВицФото