Синдикатот на културата во четврток организира протест пред Министерството

14.04.2026 00:52
Синдикатот на културата во четврток организира протест пред Министерството

Под мотото „Културата има глас“, во четврток Синдикатот на културата ќе одржи протест пред Министерството за култура, изразувајќи незадоволство од, како што наведуваат, непочитувањето на колективните договори и игнорирањето на културните работници од страна на институциите. Според најавите, протестот ќе започне во 12:00 часот пред зградата на Министерството за култура.

Од Синдикатот посочуваат дека состојбата во секторот станува сè понеодржлива, а правата на вработените континуирано се нарушуваат. Тие нагласуваат дека протестот е резултат на подолг период на незадоволство и неуспешни обиди за воспоставување конструктивен дијалог со надлежните.

„Нема повеќе чекање, нема повеќе оправдувања и нема повеќе молк“, порачуваат од Синдикатот, повикувајќи на масовна поддршка од културните работници и пошироката јавност.

ОкоБоли главаВицФото