Политики на стравот

16.04.2026 09:28

Имам свои визионери и своја инквизиција
и робовладетел сум и роб што моли за милост
протестирам за слобода низ улиците
што се претвораат во затвори
а кога сум среде толпата тогаш сум најмногу сама

Храмовите низ времето и просторот
ја менуваат формата но не и суштината
тоа не го знаат армиите што ги сквернават
срамнувајќи ги со почвата
што порано или подоцна ќе ги покрие

Јас сум светот и полна сум бојни полиња
Често ме закопуваат до половината и ме каменуваат
Некогаш ме расчеречуваат, а деловите од моето тело
ги закопуваат на различни страни на светот
но најмногу се плашам
од ударните телевизиски вести
што се шират низ етерот со апокалиптична музика

На мојата воздржана ладна глава
растат прамени коса во змии што се претвораат

Движењата со алгоритми ми ги предвидуваат
и траекториите однапред ми ги исцртуваат
политиките на стравот

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото