Разговор за творештвото на Славица Гаџова Свидерска во Битола

16.04.2026 11:14
Разговор за творештвото на Славица Гаџова Свидерска во Битола

На 18 април во 17 часот во бавчата на клубот „Food Republic“ во Битола ќе се одржи разговор за книжевното творештво на Славица Гаџова Свидерска (1984-2025). Во разговорот, во рамките на читачкиот клуб ОДРАДЕК, ќе учествуваат: Даниела Андоновска Трајковска, Елизабета Јончиќ, Гордана Ристевска Димитровска, Ѓоко Здравески и Никола Гелевски (водител).

На истото место во 19 часот истиот ден ќе се одржи и промоција на ДОБРО ПРАШАЊЕ, психолошка игра со карти. Играта ќе ја промовираат, низ играње и разговор: Јасмина Атанасова, Рената Димановска, Софија Ристевска и Никола Гелевски (водител).

Настаните се случуваат во рамките на проектот ДИСЕНЗУС.

 

Проектот „Дисензус“ е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.
Содржината/изразените мислења никогаш не може да се толкуваат како ставови на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд.


ОкоБоли главаВицФото