Скопје ќе биде домаќин на дел од програмата на фестивалот „Malomfesztivál“ од Војводина

17.04.2026 01:50
Скопје ќе биде домаќин на дел од програмата на фестивалот „Malomfesztivál“ од Војводина

Скопје ќе биде домаќин на дел од програмата на фестивалот „Malomfesztivál“ од Војводина, кој овој викенд, на 17 и 18 април, ќе се одржи во пабот „Ѕе“ во Градскиот трговски центар (ГТЦ).

Станува збор за културен настан кој во својата матична форма се организира во селото Ором во Србија, каде секоја година обединува музика, театар и еколошки иницијативи. Во рамки на скопското издание, најавено е присуство на директорот на фестивалот Тамаш Хорват, како и на дел од организацискиот тим, меѓу кои Леа Блашко и Војислав Бјелаковиќ.

Музичката програма ќе вклучи настапи на бендови и диџеи од регионот. Меѓу најавените се српскиот состав SKIER & YETI и македонскиот бенд TAXI CONSILIUM, додека за диџеј сетовите ќе бидат задолжени Wocky, Svemirski Mjau и Deeman.

Организаторите најавуваат дека настанот ќе понуди дел од атмосферата по која е препознатлив фестивалот во Војводина, со акцент на креативни содржини и алтернативна културна сцена.

Настанот е отворен за посетители во текот на двата дена.

ОкоБоли главаВицФото