Конкурс за избор на најубав кириличен испис со краснопис на македонски јазик

17.04.2026 17:24
Конкурс за избор на најубав кириличен испис со краснопис на македонски јазик

Приказната за Јаков од Камена Река, првиот македонски печатар започнува во далечната 1566 година кога Јаков од Камена Река (денешна Македонска Каменица) само еден век откако Гутенберг ја измислил печатарската машина, заминува во Венеција каде ја закупил (или купил) и возобновил печатницата на Божидар Вуковиќ и во неа отпечатил Часослов на црковно-словенски јазик во 1566 година.

Часословот е една од најстарите книги напишани на црковно-словенски јазик и национално богатство за кое треба да се знае, кое ќе се пренесува како наследство на идните генерации. Наследство, кое треба да ни биде поттик за афирмација и користење на кирилицата во секојдневието, во образованието, културата и сл.

Со еден добро зачуван примерок располага и НУБ„Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ го чествува неговиот лик и дело, помеѓу останатите активности поддржувајќи ги македонските автори (од сите области на образованието, културата и науката) и поттикнувајќи ја љубовта кон македонскиот јазик и кириличното писмо, идентитет, културното и фолклорно богатство и традиција.

Првиот Фестивал се одржа во ноември, 2023 г. во организација на ЗГ„Надеж-Hope“ од Македонска Каменица. Од оваа година Фестивалот ќе се одржува во мај (годинава на 15.05.), период кога Јаков го започнал печатењето на Часословот.

- Во рамки на Фестивалот се доделуваат и признанија на истакнати личности од областа на науката, културата, литературата, историјата, типографијата, графичкиот дизајн, кои даваат особен придонес во развојот и зачувувањето на македонскиот национален идентитет. 

Меѓу досегашните добитници се: академик Љупчо Коцарев, академик Драган Даутовски, проф.д-р Катерина Тодороска, доц.д-р Бранислав Светозаревиќ, проф.д-р Гоце Дуртаноски, проф.д-р Орце Симов, проф.д-р Марин Александров, проф.д-р Лазе Трипков, д-р Гоце Наумов, Ласко Џуровски, Љупчо Јолевски, Дејан Трајковски, епископ Делчевско – каменички г. Марко, Константин Танчев-Динка, Ѓорѓи Унковски, Тони Цифровски, МТФ„Војдан Чернодрински“ Прилеп, Националниот совет на Македонците во Р.Србија, Македонската заедница во Чешка, Заедницата на Македонците во Р.Хрватска, општествено одговорни фирми и личности од градот.

- Конкурс за Краснопис - најубав кириличен испис на македонски јазик, Работилници за краснопис и калиграфија под менторство на стручни лица.

- Секоја година Фестивалот прогласува најчитан домашен автор во библиотеките, како и библиотека со најмногу издадени книги.

Досегашни добитници:

Милијана Павловска, издавач ИК „Култура“ Скопје (2023);
Далибор Трајков, издавач ИК„Сакам Книги“ Скопје (2024 и 2025).

За библиотеки со најголем број издадени книги, добитници се:

НУ-Библиотека „Гоце Делчев“Штип (2023);

НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид (2024 и2025).

- Промоции на книги на добитниците на признанија од Фестивалот и на познати писатели, изложби на уметници, гостувања во училишта и одржување на едукативни часови за краснопис, калиграфија, илустрации, глаголица...

За повеќе активности за Фестивалот можете да се информирате на фб страната на Фестивалот. 

Директор на Фестивалот е Миле Ѓорѓијоски, писател-сатиричар.

Слични содржини

Книжевност / Култура / Настан

ОкоБоли главаВицФото