Баба Пина

21.04.2026 15:25

Дедо од баба уплав имаше,
само со глава ѝ кимаше.
„Томоо!“, зградата грмеше од нејзиниот глас,
додека дедо ми бараше спас.

Беше малечка и ситна
мојата баба динамитна!
Сите нè смееше секојпат,
беше гениј и уникат.

Филмовите ѝ беа опсесија,
„Доктор Хаус“ го следеше ко месија,
Чарли Шин го обожаваше,
за Бред Пит живот даваше!

Комшиките носот кога си го пикаа
си дозволуваа чудна да ја викаат.
Таа како комплимент тоа го сфаќаше
и насмеана до врата ги испраќаше.

Ќе се развеселеше,
распееше и разиграше
претежно на рок и реге,
идоли ѝ беа Тито и Че Ге!

Бунтовна и револуционерна,
осетлива и нервна,
секад полетна и контраш,
ја трпеше скроз само Томо наш!

Се расправаа за сè и сешто
освен за едно нешто:
навиваа и двајцата за Ноле,
тенисот беше заедничко поле!

Беше и тешка, понекогаш екстремна,
ама да помогне ‒ секогаш спремна!
Една беше баба Пина,
со неа младоста во радост ми мина!

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото