1020 hPa
53 %
23 °C
Скопје - Чет, 18.06.2026 08:59

Покана за прес-конференција
Локација: [Министерство за транспорт и врски]
Датум: [четврток, 23.04.2026]
Време: [12:00 часот]
Зошто оваа прес-конференција е важна?
Станува збор за одобрение за градење Уп. бр. 23-63/21 од 03.01.2022, проект со размери и намена што драматично ги надминува инфраструктурните и урбанистичките капацитети на средината во која се планира да се реализира. На парцела од околу 3000 м² се предвидува изградба на три станбени згради и на трговски комплекс од приближно 7000 м², а во А1 средина наменета за индивидуално домување која според македонските закони е зона со најстрога заштита по прашање на градежни потфати.
Дополнително, ќе бидат презентирани сериозни пропусти кои директно го доведуваат во прашање јавниот интерес:
• Непостоење на соодветен пристапен пат – наместо законски пропишаните 5,5 и 6 метри, реалниот пристап изнесува само 3–3,5 метри, што го прави невозможен пристапот за противпожарни и итни служби.
• Недоволни капацитети за канализација, вода и електрична енергија, кои веќе се преоптоварени и не можат да поднесат дополнителен товар.
• Нарушување на квалитетот на живот преку зголемена бучава, загадување и намалување на пристапот до сончева светлина.
• Формално, но не и суштинско судско разгледување, каде што е потврдена документацијата без проверка на реалната состојба на терен.
Поширок контекст: прашање на живот и безбедност
Случајот во Сопиште носи сериозни паралели, особено во делот на противпожарна безбедност и пристапност за итни интевенции. Тој се вклопува во поширока слика на институционални слабости и недоследности. Трагедијата во Кочани покажа колку висока може да биде цената кога законите и безбедносните стандарди се игнорираат. Овој случај носи сериозни паралели, особено во делот на противпожарна безбедност и пристапност за итни интервенции.
Во таа смисла, ова не е само локален урбанистички спор, туку прашање на превенција, одговорност и заштита на човечки животи.
Воедно, трагедијата во „Пулс“ дополнително ја отвори јавната свест за системските пропусти и потребата од итна институционална реакција и отчетност. Овој случај во Сопиште мора да се разгледува токму низ таа призма – како предупредување, а не како веќе видена последица.
Што ќе биде презентирано?
• Приказ на случајот и клучните правни и фактички аргументи
• Пропусти во процесот на издавање на одобрението
• Безбедносни ризици и потенцијални последици
• Следни правни чекори, вклучително и можноста за постапка пред Европскиот суд за човекови права
Повик до јавноста и медиумите
Ова е момент кога јавноста треба да биде информирана, а институциите повикани на одговорност. Не станува збор само за еден случај, туку за принцип: дали законите ќе важат еднакво за сите и дали безбедноста на граѓаните е навистина приоритет.
Вашето присуство и известување се клучни за транспарентноста и заштитата на јавниот интерес.