1016 hPa
83 %
18 °C
Скопје - Пет, 12.06.2026 03:59

Синдикатот на културата најави протест пред Уставниот суд, на 28ми Април со почеток во 13.00 часот. Под паролата „Договорите не се поништуваат“ и „Уметниците не се понижуваат“, Синдиктот на културата најави нов протест.
Овој протест следува откако на последниот одржан пред Министерството за култура, на 16ти овој месец, културните работници организирани од Синдикатот на култура на Македонија ги искажаа своите протестни барања на мирен собир, но во меѓувреме немаше интензивирање на преговорите со надлежното Министерство за култура.
Непосредно пред последниот протест во Министерство за култура и туризам се одржа средба со претставници на Синдикатот на културните работници на Македонија (СКРМ) и на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), на која беа направени првичните чекори за откочување на преговорите околу Колективниот договор во културата.
Од Министерството за култура тогаш посочија дека „Се очекува разговорите да продолжат и во наредниот период со поинтензивна динамика“.
Реакцијата на Синдикатот и најавата на новиот процес е резултат на непостигнат договор и како што наведуваат намалена динамика со која се третира ова прашање од страна на надлежното министерство.